процут м.
процути св.

процут (м.)

41. Задачата на македонската интелигенција отсега натаму ќе треба да биде да се одделат нагледно за сите: за самите Македонци, и за Турција, и за балканските држави и за големите сили, интересите на Македонците од интересите на другите балкански држави и народи и да се изучат подробно сите прашања сврзани со избавувањето на нашиот народ и нашата татковина од сегашната голема несреќа и со процветот на нашиот народ во духовен и во материјален однос.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Со допирот на сеќавањата сѐ се раствораше во бистрата вода на свеста, во прекрасен процут, во пролетниот развигор.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
2 Данчо Зографски, Условеноста и намената на Велешкото трговско училиште од 1857 година - Школството, просветата и културата во Македонија во времето на преродбата, МАНУ, Скопје 1979, 44. 2а Според Васил К'нчов, кој Велес го посетил подоцна, кога стопанскиот процут на градот бил минато, се изработувале до 400.000 кожи (Сегашното и недавно минало на град Велес - Избрани произведения II, София 1970, 196).
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Неговиот заклучок беше дека ако се реализира предложениот проект на неколку стотини фарми во Рерублика Македонија, земјата ќе доживее вистински процут во сферата на сточарството, вработувањето и оживувањето на пасивните региони.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Да се постигне процут во духовна и физичка смисла и речиси совршена анатомија на личноста.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Секако дека знаете за трубадурите. Енциклопедиите велат дека биле во процут меѓу единаесеттиот и тринаесеттиот век.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)