процесија ж.

процесија (ж.)

Му рече ли лош збор - полош ќе ти врати; црната: ниту сака да те сретне, ниту сака да разговара со тебе; пред очите му е темно; сѐ на светот му е виновно; мудри се, знаат многу, со очи, со поглед можат да дознаат сѐ: кој си, што си, колку тежиш и што сакаш да речеш; во разговор со нив секогаш чувствуваш: меѓу тебе и нив голема далечина; не се напрегаат сѐ да чујат и разберат; на проклетството и на болот му робуваат; лилавата (јоргованлијата); постојано си потпевнуваат во себе или гласно: и во одење, и во работа и во кревет; во устата, на ушето или во малото џепче од палтото носат цветче - за салтанет; на секоја веселба први запoчнуваат да пеат; што било вчера, што било денеска, што ќе биде утре - не ги интересира; кога смируваат скарани, не сакаат многу муабети; на скараните ќе им речат: ајде чукнете се со чашките, оти главата ќе ви ја чукнеме; те фалат, те гушкаат, но сето тоа го прават без мерка; последни од кафеаната се прибираат дома; сивата: многу пребираат, џимрии во јадење, во купување, во облекување; надвор ако врне - продолжуваат по цел ден да спијат; од добиток не држат ништо, или сосем малку; за сѐ, па дури и нешто на милост да речат - колнат; клетвите им се помошни зборови со кои полесно се изразуваат; повеќето се тенкоусти, палени на збор, на јазик; кога е студено - мајката на господа му ја караат, кога е жешко - исто така; на гости, по свадби, од иста чаша или сафа не пијат; дома на прагот од куќата те пречекуваат држејќи ја вратата недоотворена; очите секогаш им се готови да те погледат напоречки, да те мунѕосаат; портокаловата: лични луѓе, секој сака од нивната куќа невеста да земе; кога врват девојките и невестите низ селото - како сонце да врви, сè пука на нив од здравотија, од личнотија; коњ аздисан скротуваат, пукнуваат; таа убавина, таа здрава јатка во нив ги држи до триесеттата година; по неа - одеднаш како зрел плод се што не може многу да држи, свенува, се олошува, се распаѓа; од никого лош збор не се слуша; благи и кротки и во очите и во лицето и во зборот; старичките чисто-пречисто се носат, мирисаат на мискинсапун, на калофер, но не доживуваат длабока старост; прават куќи понастрана од другите, истакнати, видливи; добиците им врват низ посебен влез за во кералот, не низ дворот да им го балегат и гнасат; кога крштеваат дете, врват низ селото како кралска процесија, како крал да се крунисува; ако седиш со нив, имаат моќ да те маѓепсаат, да те стават под влијание, да те владеат.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Џиновската вртелешка го искорна од собата и го отфрли сред ветровит карпест предел, во кој процесија на мажи во бели мантили, се качуваше по оголениот рид.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Тоа беше како некоја погребна процесија. Но бесна процесија, во трк, со разбушавена коса, што подвриснува, настрвена кон север на некаква си церемонија.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Чудни некои времиња се стаиле овде и наоколу врз Балканов валкан а свет на чело со класични руски кловнови и нови балкански клонови та катаден гледаме процесии работнички студентски селски граѓански и поворки погребни што маченици испраќаат - светци незнајни минатото го закопуваат на иднината не мислат оти ја нема а сегашноста горка ко корка сув леб ја грицкаат и чекор по чекор бараат dénouement, dénouement и мантраат: FUCK THE BEST WE’RE THE REST 82 okno.mk
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Процесии, состаноци, воени паради, изложби на восочни фигури, филмски претстави, телекрански програми - сето тоа требаше да се организира; требаше да се подигнат бини, да се направат модели, да се состават пароли, да се напишат песни, да се пуштат гласини, да се фалсификуваат фотографии.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Пишувањето е постојана молитва чии верници се откриваат во големата, непозната читателска процесија, во постојаното верување...
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
И кога животот сакаше многу години подоцна во Македонија, која стана наша нова татковина, предодредени пред тоа да ги следиме емигрантските процесии на пребегнатите албански емигранти во Југославија, на конечен пат кон вообичаените дестинации кон Америка, Австралија или Нов Зеланд, минувајќи пред тоа неколку месеци во неколку европски емигрантски прифатни центри, да станам нејзин амбасадор, првин, предложен од Социјалистичка Република Македонија во рамките на тогашна Социјалистичка Федеративна Република Југославија во Република Тунис, акредитиран во Арапската лига, како и како прв амбасадор во државата Палестина, на чело со Јасер Арафат, која само земјата што ја претставував ја признаваше како независна држава (во периодот од пролетта 1985 до есента 1989 година), а потоа и како прв амбасадор на новата независна Република Македонија во Република Франција, при УНЕСКО во Париз, акредитиран во Мадрид при Кралството Шпанија и во Лисабон, во Република Португалија, Татко беше одамна исчезнат, (на 29 февруари 1979) а јас имав чувство дека го продолжувам неговиот неизвесен дипломатски пат на Балканот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Околу тиранинот ќе се создаде свита која ќе биде измачувана од истата страст и амбиција - да се владее, со или без тиранинот, да се стане дел од една гротескна процесија која ја инструментализира немоќта на тиранинот, нагризен од амбицијата на вечното владеење.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Живеејќи долги години на бреговите на едно од најстарите и најубави езера во светот, Охридското Езеро, уште од раните па до доцните години на животот ги следев со посебно внимание миграциските процесии на птиците и рибите кои започнуваа и завршуваа во езерото и неговите брегови, како еден од планетарните центри на големите преселби.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Знаеш дека сѐ е завршено, сѐ е готово, во тебе се одвива погреб, во твоето срце, со луѓе во процесија облечени во црно, тие го оплакуваат умрениот, а тоа си ти, а ти сѐ уште си жив.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)