процедурален (прид.)
Потоа се заглавивме во процедурални објаснувања: одолговлекување на молбите за финансирање фестивалска компетиција и нивното префрлање од едно до друго министерство, кое се грижеше младите уметници да не се навикнат на пари, па како превентивна мерка - не им ги даваше.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
А, против одлуката за прекршок што ја донел Прекршочниот орган може да се поднесе тужба за поведување управен спор пред специјализираниот Управен суд на РМ (чл. 10, ЗИДЗРО/дек.08). д) Во декември 2008, со втората измена на ЗРО (2005) – којашто, патем речено, скоро во целост се однесуваше на „казнената политика“, покрај тоа што, како што видовме, глобите неколкукратно се зголемија, беа додадени и некои нови појаснувачки и процедурални одредби: • со чл. 266-в е регулирана постапката за порамнување којашто државниот инспектор за труд е должен да му ја предложи на сторителот на прекршокот, и тоа пред да поднесе барање за поведување прекршочна постапка.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Не е тешко да се заклучи дека римското право, на чијашто правна традиција фундира и нашето современо национално право, како дел од поголемото евроконтинентално правно семејство од т.н. Civil Law тип – првенствено беше процесно [формално/ тужбено] право, односно се развиваше под процедурална закрила.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
По расчистувањето на ваквите „процедурални“ аспекти, следуваше обавувањето на самиот разговор и снимањето на интервјуто во звучна форма.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Животов има смисла кога после голема трагедија ќе го дочекам изгрејсонцето, а зад небесниот хоризонт спонтано ќе се појави надежта и без процедурални забелешки после ужасно лоша ноќ може да започне нов ден.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
- Госпоѓо, ќе мора да дојдете во Бечеј за процедуралните работи околу наследството. Ве очекуваме за една недела.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Постапка за мирно решавање на работните спорови a) Кај процедуралните норми дополнително се утврди дека предлогот со кој се покренува постапката за мирно решавање на спорот, мора да биде изготвен во писмена форма (чл. 12 од ЗИДЗМРРС/14).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)