протрие (св.)
Оживеа од слатката надеж дека брат му ќе умре, се насмевна и ги протри рацете.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Дури кога остана сама во одајата, си го протри челото, се пораздвижи и се созеде. – Каде сум, господи, јас?
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Таа ги протри очите и лицето и свика: - Другпат никаде нема да ве водам! Дотерајте го магарето.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Набргу предметот што му го привлече вниманието се најде во неговата рака. Го протри со прстите.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Каја ги протегна ножињата, ги протри очичките, и кога ги отвори, го виде насмеаното лице на мајка ѝ наведнато над неа.
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
Ѕвонарот ги отфрли очите, ќе му паднеа како отпуштени петлици, си го протри челото, целата снага сигурно му гореше, мајко моја, тој не веруваше.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Џулија се разбуди, ги протри очите и се подигна на лакотот за да погледне кон нафтената печка.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Продавачот, земајќи ги парите од мојата рака, ги протри од големиот прстен на малото прсте од левата рака и прошепоти нешто како магија.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Но, кога низ ситните процепи меѓу прозорецот и ѕидовите зафуче ветер, тој се сепна, се стресе и несвесно си ги протри рамената со рацете прекрстени на градите.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Лут на себеси дека задремал најаден и напиен, што можеби го потсетуваше на татко му од кого сакаше да се разликува барем во по нешто, Живко се размрда не само расонет туку и отрезнет, па дури и си ги протри дланките од претстојното задоволство откако си ја избриша дремката од лицето: - Ако ја преспавме Битола, нема да го преспиеме Прилеп.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Си го протри челото на онаа точка на која веѓите му се спојуваа, а потоа и вратот кај што го болеше, преку линијата над распараната јака на кошулата.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Гого ги протри очите неколку пати, да не е само да му се привидело, од пусти желби и немирни сништа, но таму сетики стоеше неговото име, името на татко му и семејното презиме, што си го носеа по името на селото сѐ по удолницата од сртовите, по суводолицата на скрките.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Но затоа, пак, кога дојде вечерата, расположението истиот час му се врати; тој задоволно ги протри рацете над разимената чинија и гласно извика како ништо да не било пред тоа.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Се исмеа пашата, ги протри дланките и му намигна на новиот кадија Махмут-бег.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Во тој момент злобно ги протрив дланките, бидејќи знаев дека уште на многу луѓе, денот од рано сабајле ќе им тргне со нервоза.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Ја протегнав главата низ прозорецот и ги протрив очите. – Да, – рече тој на ерменски. – Ова е коњ. Не сонуваш. Побрзај, ако сакаш да јаваш.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)