против (прил.)

17. ОВЦАТА ШТО СЕ ДЕЛИ ОД БУЛУКОТ ЌЕ ЈА ИЗЕДАТ ВОЛЦИ - и струната откината од цигулката не може да ѕуни, и колата не може да се тркала само на едно колце, само мажот сака да може против жената да се буни...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Сорбона, докторите и сето тоа, тој беше против.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Јас немав ништо против да бидам член на групата „среќни дебили” и тоа ми беше забавно, но имав против татко ми да ми припишува туѓи особини.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
„Џамија, велите, баш џамија?“ Мајстор Јосиф, двапати голтна, ама и рече: „Господ да чува! Зошто да сум против?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
ДИМИТРИЈА: Да не сака тој и на ручек да седи? Немам јас ништо против. Нека седи и на вечера. И утре сабајле на појадок.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Кулминација на реметењето на домашниот мир настанува кога комшијата што живее преку две улици, ќе ти заѕвони на врата за да те праша дали имаш нешто против што у субота ќе прави мало журченце.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Ако немаш ништо против, и јас ќе ти правам друштво. - Против?
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)