протестен прид.

протестен (прид.)

Бев на една концертна претстава во која пееше познатиот париски шансониер на протестни песни Мишел Сарду.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Утредента, целокупното население од околината учествуваше во долгата, бавна погребна поворка што се развлекуваше со часови и претставуваше, всушност, протестен митинг.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Беа прочитани и протестни писма упатени до претседателот на Владата на Собранието на Република Македонија и до Министерството за урбанизам, градежништво и заштита на животната средина.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Ги гледав, на необичниот лист, првите протестни зборови во животот на Татко.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Првата вест е за синоќешниот голем протестен митинг на синдикатите на Македонија... место на настанот... плоштадот... во срцето на Скопје... на снимката од синоќа многу луѓе викаат, меѓу нив и новинарката преминот од колор-стварноста во црно-белиот филм се случува кога новинарката, привршувајќи го својот гласен прилог, е поклопена од уште посилниот глас на еден од демонстрантите: Уа владааа!...
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Да, ќе напишам протестна нота за нашето бесценето шимпанзо, бидејќи само уште тоа ни остана...
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
„Како така“, загрмеа протестни гласови, „сите видовме дека таа дојде последна!?“
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
На овој обид на Константин Фотиќ реагирал Обединетиот одбор на Американците од југословенско потекло, кој на 26 април 1944 година упатил протестно писмо до Редакцијата на весникот „Њујорк тајмс“, изразувајќи притоа чудење зошто такви сериозни весници како „Њујорк тајмс“ и „Њујорк Хералд трибјун“ отстапуваат простор на своите страници за мистификациите во врска со Дража Михаиловиќ, упатени од членовите на реакционерната Југословенска влада во емиграција, на чело со нејзиниот претставник во САД, амбасадорот Константин Фотиќ.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)