протеза (ж.)
Големиот персонален компјутер, ТВ-то, видеото и дури фотоапаратот - тие се како контактни леќи, како проѕирни протези, кои се така интегрирани со телото, што му припаѓаат скоро генетски, како пејс-мејкер’.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Се чини дека техниката е протеза на интелигенцијата: Колективното мислење што го наметнуваат разните медии веќе е насочено кон поништување на изворноста на сензациите, кон укинување на присуството во светот, на начин луѓето да се снабдуваат со залихи информации коишто го програмираат нивното помнење.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Другите размислуваат за употреба на ‘интелигенцијата’ на компјутерот како интерна протеза: „Минијатурните плочки од силикон ќе ни овозможат моментно знаење на странски јазик или на теоријата на релативност.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Мајка ѝ на гопоѓица Агата Голдблум беше ќерка на сопственик на киоск, инвалид со бледа дрвена протеза наместо десна нога.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
И кога во мода влегоа чорапогашниците, значи хулахопките и тие тенките и нежни работи за под фустан, терав пат во Дојче Демократише со оправдување дека одам за да ја поправам протезата.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Ковчегот е ставен и колата поаѓа и ние зад неа тргнуваме молчаливи на почетокот, а како што се должи патот до последното почивалиште, се погласно се слуша крцкањето на протезите, некои подзастануваат да земат подлабок здив, други се поддржуваат под рака и така почнува нов разговор за тоа што беше наша младост во времето – невремето.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Ги тргнав протезите. Забите задоволително ми ја надополнуваат сликата во огледалото.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)