просто (прил.)

На првата забелешка од нашите противници, оти никогаш немало македонска словенска народност, може многу просто да им се одговори: што немало понапред – може да се стори подоцна, доста е да се имаат различни историски услови со свои одделни барања.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Сте честити сега, ве разбуди ете на штикови ледни дрнкањето остро и громкото ура, и Турчин се смете млад војвода дека командува просто.
„Локвата и Вињари“ од Лазар Поп Трајков (1903)
Одеа молчаливи и загрижени еден крај друг и го влечеа на улар наследникот на коњ нестрпливо чекајќи да се разминат со камион, луѓе, или просто, детска количка.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Не дека беше имун за елегантност и дека не сакаше да менува повеќе одела, туку просто речено: не можеше да ги пушта нозете повеќе од што му беше чергата.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Каде и да се свртам, неписменост, суеверие, сомненија, ужас, ужас - просто не може да се живее.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
ИВАН: Крстју просто ми рече дека Младичот не може да се качи на попладневниот воз и дека ќе тргнел со вечерниот.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Просто, треба да се мавнат одовде двајцата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Аха, како не се досети досега па овој, просто речено, не разбира ниту збор од неговото брборење.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Арсо сакаше да му каже некој утешен збор, просто да се досети дека тука има човек кој ја знае неговата мака и му е близок.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Беше трпелив, всушност само чекаше, тука на три метра под него, вршејќи си ја својата работа со една упорност што вџашува; а тој горе беше оној чеканиот и не можеше а да не го сети просто како го престегнува во самата гуша допирот од таквата пеколна морница.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се наведнаа да видат подобро и просто не им се веруваше: па тоа беа две сосема малечки кутренца, малечки - речиси колку нивната дланка, кутренца со одвај отворени очиња, гладни, измрзнати, кутренца што цимолеа со слаб глас.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Мислеше, просто, на мечките. А тоа имаше за него едно магиско значење, тоа, што му се случи нему со мечка.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Змејко лежеше во својата постела од неколку ложници од овчи штавени кожи, што го обгрнуваа неговото тело и просто како да ги извлекуваа од него сите болки на измореноста, оставајќи го издолжен и отпуштен; сосема лабав.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Просто се чувствуваше како во затвор...
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Кај и да ја шутнеа, топката, ќе се дотркалаше до мене. Просто ме бркаше.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
- Многу просто, - вели Билјана. - Гледај, да речеме, гледај во оној оџак и кажи ми што гледаш.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
- Ама ден ќе биде! - се воодушевуваше Денко, плискајќи ги со студена вода разголените гради. - Просто мами кон Орелска Чука! - рече Бојан.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
САЗДО: (Просто паѓа во фотељата и додека погледот му е закован врз цвеќето во вазната, на неговото лице расцутува насмевка.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
- Добро е, - рече, - добро се сврши, уф! - просто офна тој, па стана и почна да се валка низ тревата, да кубе папрат, да клоца со нозете, да се смее.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Секирата просто отскокнуваше, немоќна да завлезе во цврстото дрво на трупецот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Повеќе