простосрдечен (прид.)
- Ќе дојдам еден ден и пред твојата колиба, војводо. - се шегуваше шумарот со простосрдечниот старец, изненаден, зачуден, а и престрашен од првото доаѓање на џипот во планината. Но тоа беше пролетоска.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Доктор Коста ги слушаше простосрдечните зборови на Антим и му се чинеше дека градите му растат, растат, се отвораат да ја примат во себе сета добрина, сета убавина на денот.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
1. На мојата работна маса цел куп книги и фасцикли со исечоци од списанија и весници, извадоци од архивски документи и од објавени мемоари на политички и воени челници од двете завојувани страни во граѓанската војна во Грција, селектирани белешки од фалбаџиски топорења, измислувања, лаги и кодошења и во одделни коверти белешки од обични, простосрдечни раскажувања на живи учесници и сведоци во кои се сочувани најавтентични доживувања од времето кое како лишај и лош сон е залепено и врежано во нивните и наши спомени.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)