просторен прид.

просторен (прид.)

До Хегел развитокот се сфаќаше само како просто квалитативно или квантитативно растење или смалување, движењето како просторно преместуваше под влијание на надворешна „сила“, човечкиот ум како механичка копија и како механичко дејство или на „материјата“ или на идеите, “a priori” секоја ствар, секоја категорија само тоа што е, само рамна себеси и ништо повеќе.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Воловарчињата најмногу ја имале таа можност зашто секаде наоколу се просторни ридишта со богати пасишта врз кој овој летен ден сонцето припечуваше, а ветерот го повиваше чипецот и им ги палеше обравчињата на децата.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Личеше на тутенка - доцна расцветана, сред просторната јурија, спржена од жега и суша...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Оркестар поставен на мал подиум во дното на просторна, свечено накитена сала.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Морето е просторно, час мрачно - набрчкано и може ли некој да летне од оваа клетва?
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Беше една глува отпуштеност, таа легна во сѐ наоколу, ја исполни и целата таа просторна сала и таа чиниш се превитка во неа и се смири.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Оној ден. Го градеа домот. Беше еден добро замислен, просторен задружен дом, полн со сонце.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Стоеше во просторната сала, наострен како откочена пушка и сега ја држеше во својата дланка онаа рачка, што требаше само да се притисне, за сите делови од бичкијата да полетаат во своите виорни, а сепак строго одбележани движења.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Плевната од својата источна страна имаше просторен трем, со стреа, каде што понекогаш, кога врнеше, се прибираше добитокот, каде што понекогаш во врнежливите денови се вршеа некои работи: се прибираше компирот, се сечеа дрва, се сушеше навлажнето сено, се приготвуваше зимница, која потоа во поголем дел се пренесуваше в село.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Воспоставувајќи хармонија меѓу комбинациите на временскиот и просторниот агол на гледање, а во чија внатрешност е сместен настанот, авторот успева да ги сугерира влезните кодови на пораката...
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Тоа не е време само во неговата физичко–просторна димензија.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Од височинките на Солун се гледа целата рамнина, целото просторно и широко Солунско Поле...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Но колку и успешно западните визии за унитарен постмодерен глобален свет - управуван од „дигитализираниот свет на компјутерот“, „хипер-реалноста на симулакрумот“, „суперобјективизацијата на субјектот“ и „телеприсутноста на еден свет без просторна длабочина“ -да можат да го доловат искуството на бестелесната сегашност, тие не можат да се применат на нашето искуство и на нашиот развој.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Технологиите прво го опремуваат територијалното, просторното тело со мостови, аквадукти, пруги, улици, аеродроми и сл.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Во случајот на Заливската војна станува збор за војна просторно изразено локална, но временски глобална, бидејќи станува збор за војна пренесувана “во живо”.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Овие категории треба да го зафатат просторниот и временски тек на современиот живот.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Втората светска војна беше светска просторно.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Вокменот го руши контекстот на постоечката текстура на градот и ја провоцира логиката на урбаното, бидејќи градските планери досега по правило се занимаваа само со просторните димензии на соѕиданото, занемарувајќи го акустичниот аспект.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Авторот тука предупредува на големата комплексност на човековите вештини поврзани со сетилното осознавање и просторната ориентација, кои што зад себе имаат долг развоен пат и недвојбено е потешко машински да се симулираат како некои рационални операции, кои што, така вели Moravec, течат и во оние делови на мозокот, кои што не се посебно високо организирани.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Во првата соба, светла и просторна, седеа во круг десеттина старички во фустани од најевтино тоалденор платно со боја на глушец.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Повеќе