пропуштен (прид.)
Вљубен во праведноста на законите и побожни како и повеќето од улицата живееја повлечени од луѓето надополнувајќи ги пропуштените години со задоцнета и презреана љубов.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
„Во мене, сепак, има некоја празнина, како пропуштена можност“, не издржав, на крајот од краиштата, да ѝ напишам на Агна.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Бламажа, стара грешка, пропуштена прилика, гаф на деценијата.
„Три напред три назад“
од Јовица Ивановски
(2004)
Колку пропуштени раѓања, свадби, погреби!
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Така, на пример, во битките со историјата, во самата историја, која отсекогаш ги совладувала Балканците, оставајќи им ги во лажна утеха митовите на пропуштената величина, Емил Сјоран, ќе види црна иронија што се движи.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Само пропуштените шанси чекаат во заседа втори. Другите се борат за првата.
„Зборот во тесен чевел“
од Вероника Костадинова
(2012)
Ти ја посветувам првата пропуштена трага од сон. Те има во мене.
„Разминувања“
од Виолета Петровска Периќ
(2013)
Во твоите празни очи го гледам сето кое било: од нас пропуштена приказна за двајца со верба.
„Разминувања“
од Виолета Петровска Периќ
(2013)