проповедник (м.)
Ги закла потсмешливо пак распеан како проповедник: „Касата не е кокошка.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
„Кога Човек не е сам и сувата трева е повесела.“ Се ловеше : со потсмев пееше на црковен начин, како проповедник. „Тој е сакат, Мироне“, пак рекоа долждалците. Мирон не ги чу.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Толе вети дека ќе се држи како вистински проповедник.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Однадвор остава впечаток со грандиозноста, а внатре е без икони, без украси, само се некои релјефи и со извишени слики на проповедниците во олтарот.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Бидејќи неочекувано од учител станав проповедник, моите зборови многу го трогнаа народот, толку многу што ако за време додека се четеше евангелието од младиот поп Георги сите се накашлуваа како по договор (како во нездраво време) за време, пак, на мојата реч сите со задоволство слушаа и не само што запре накашлувањето, туку човек можеше да си помисли дека народот заборавил и да дише.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Сезнајната ТВ имаше во тета Дитка најубедлив проповедник.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Од неговиот збиен коментар проговорува специфичната еснафска солидарност: макар што не ги одобрува, тој настојува да ги разбере оние литерарни проповедници на епскиот дискурс кои, како залутан пустиник, ја преспале симболичката бура, па безнадежно се обидуваат да ја воскреснат оддуваната референцијалност.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Како зачетници Тезауро ги споменува шпанските проповедници во Неапол, а тој самиот - а тоа го прифаќа и Бенедето Кроче - го познавал трактатот на Грасиан.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Финансиите се за сиромасите, не за нас“, со длабок глас, бавно како крвник и свечено како проповедник, соблечен до појас и наметнат со бела прегача, како ковач или месар, како занаетчија- мајстор накусо, грмеше на сцената на Цанкаревиот дом Петер Млакар, членот на Одделот за чиста и практична филозофија на Neue Slowenische Kunst, дружина 1983 г. создадена од музичката група Laibach, ликовната група Irwin и Gledališće sester Scipion Nasice (подоцна Kozmokinetični kabinet Noordung).
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Но, идејата за уметникот како говорник, како проповедник: тоа е денди.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Проповедникот На д-р Ѓорѓи Зафировски Никогаш и никаде Тој не спомна нешто што ние живите го поимаме како време, и ете, во суштина, ние се разликуваме од Проповедникот не сакавме или пак не можевме да сфатиме дека нам не ни одминува времето туку - животот.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Но Петар, како човек кој во душата никогаш не го засака пишувањето, оти се раѓаш или како писател или како рибар, не сфати дека не е важно дали сите тие луѓе кои жедно ги голтаа нивните проповеди и поуки ќе им ги разберат зборовите токму онака како што тие, проповедниците на Радосната Вест, сакаа да бидат разбрани.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Потоа срипаа проповедници на разни религии да корнат коси дека бракот е од Бога изумен како заедница на мажот и жената, те само на мажот и жената, ни под разно на мажот и мажот или жената и жената, уште помалце на жената и мажот.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Имаше во таа негова запршка разни лути зачини: еден дебел камионџија што се заканува секому што ја оспорува историската вистинитост на неговата вера, еден ѓоа-научник што ги учи децата дека луѓето и диносаурусите се создадени во ист ден, една згодна девојка што смета дека Бог ги мрази педерите, еден пастор што намлатил дебели пари од продажба на своите молитви на ДВД, еден американски сенатор што верува во доаѓањето на Судниот ден кој ќе потепа пола човештво, еден протестантски проповедник што е убеден дека хомосексуалноста е болест, еден рабин што го толкува Холокаустот како заслужена небесна казна за неговиот народ, еден арапски музичар што се залага за верските права на муслиманите вклучително и правото на ликвидација на бласфемичарите, една мајка што ги убила своите деца затоа што Бог така ѝ наредил, еден оџа што попува дека света задача на неговата религија е истребување на неверниците, неколку мормони што веруваат дека луѓето со поинаква боја на кожата се грешни, разни исламски маченици што вршат самоубиствени акции, колони христијански фанатици што паѓаат во фанатичен транс, неколку Евреи што трескаат глава од ѕид, неколку претседателски кандидати што не веруваат во теоријата на еволуцијата...
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Затоа, луѓе, верувајте во тоа ѕвериште. Вашиот крал, мудрец, проповедник.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)