пропелтечи (св.)
Детето успева да пропелтечи... вие... го гнасите! Него! - Вие? - Да. Ние и Мурго.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Надвор поштарот одеше од едниот до другиот влез и прашуваше за некоја си Чана, а таа токму тогаш влегуваше во црната уста на влезот и грабнувајќи му го од раце одвај пропелтечи дека таа е Чана и дека ова писмо го чека со денови.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
„Што да правам?“ пропелтечи тој, „како можам да не гледам што ми е пред очите? Два и два се четири.“
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Не, пропелтечува Сотирчо, тато го бараме.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
„Како?“, успеав само да пропелтечам. „Па и ливчето на отец Мида“, продолжуваше Филозофот, „не е цело сочувано, и завршува токму кога за ѓаволот треба да глаголи, вака: ,Кога човек го гледа тој ѓавол, коските му штракаат, и посакува да се сокрие од него, на место невидливо, толку невидливо што...’ Како да сака да каже дека местото е толку невидливо што видливо е сосем, а во таа одаја повидливо место од она на ѓаволот – нема.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Чана знае дека Пелагија се печи на оган, туку го бара нејзиниот поглед со знак за заминување, а тоа и се случува, станува од столицата, му се приближува на Димостена, му ја зема раката како за поздрав и туку брзо и силно ги вкопува своите усни на неа пропелтечувајќи неколку зборови Прости ми Димостене за сѐ што претрпе, за страдањата заради мене, прости ми барем ти ако не може тоа да го направи Света Богородица и дедо Господ, ама на твоите страдања немав храброст да ти натоварам уште и неизбришлив срам!
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
- Ми-ми-ми падна сирењето и сега-и сега-и сега баба ми не-не-нема да ми даде друго, - пропелтечи Ане низ липање.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Беше на растојание, од кое можеше да слушне што зборуваат тие, кога Даниел низ заби пропелтечи, „Слушај, мудрецу, ако истресеш уште една глупост, ќе те мавнам со тулава.“
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)