пронајдок (м.)
Отпрвин на Арсо му се стори (и тоа го зачуди) дека сите овие дрвја забодени со врвовите во синевината се бесилки, некаков нов и затоа непознат пронајдок за умртвување.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Американската знаменитост Jane Fonda со патетична сериозност го рекламира сопствениот пронајдок - евтино, пластично скалило за обликување на ножните мускули - со истата онаа патетична сериозност со која некогаш одамна протестираше против војната во Виетнам.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Од тоа изобилие на пронајдоци, сугестии, изуми, идеи, скици, се издигнува и заедничката наклонетост кон необичните материјали.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Целта на овој пронајдок е да ги усоврши мемориските функции на мозокот - скоро немерливо многу.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Меѓутоа тоа не го смалува значењето на Кејџовиот пронајдок кој генерации млади композитори и следбениции ќе го усовршуваат и ќе создадат денес веќе обемна литература за овој инструмент.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Се чини дека тоа беше негов оригинален пронајдок.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Нунета пријателите го признаваа за поет иако тој многу често им говореше за чудни пронајдоци и несфатливи откровенија.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Долго време се сметало дека во Европа барутот во XIII век бил пренесен од арапската цивилизација, заедно со некои други пронајдоци.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)