пролет (ж.)

Да, така младоженец ружаат моми со разни обредни песни во пролет.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
В сенчести гранчиња тука кукајца се вести штом пролет ќе наближи само, таговно в пресрет и кука.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Белолики моми од нашите села ќе стрчаат в пролет, јаребици мили, ќе збираат тревки во раката цела.
„Локвата и Вињари“ од Лазар Поп Трајков (1903)
Меѓутоа, Мисирков не е против Организацијата: тој беше само категорички против продолжувањето на неподготвеното и ненавремено народно востание, како и против планирањето ново востание за идната пролет, за коешто пишуваше печатот и за кое зборуваа некои наши револуционери. 47.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Најмногу што може да биде тоа е – европска конференција; но таа конференција не може да се зафати порано од пролетта; и тоа тогаш ќе се зафати само ако востанието тогаш биде посилно од сегашното.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Кога на пролет благиот југ ќе запее и јас со него заедно гласот си го здружувам: белки Костадин ќе чуе, скоро да ми дојде...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
СИМКА: (Замислено). Сите жени на светот се радуваат кога малечките ластовици им јавуваат за раната пролет. Само печалбарката е жална и мисли кога ќе дојде есен.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Многу сум ти пијан, проштавај! Трештен пијан, пијан како земја в пролет.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Пак да го има секојден некако ќе се тера, ама само од пролет до есен и целата зима седење и дембелење.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
В таква пролет, златокласа младост, моја земјо, да те градам, љубам, и сѐ така и со таква младост, крај мој, роден, ти ќе бидеш убав!
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Мразот копве, иде нова смена, пролет иде, нараснало жито, Вардар ќе набуја в пена, крај мој роден оживува питом...
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Пролетта пукна и сѐ оживе. Во Старчевото градинче пчелите заработија и како да им зборуваа на децата: „Гледате ли ние колку се трудиме?“
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тој Јован Ѓуров, или како го викаа в село — Ѓуровчето, беше син на дедот Ѓура Јовановски од нашето село Витолишча, кој, за да го исхрани Јована и трите му сестри, помали од него, одеше секоја пролет во Ќесендра или Метуите на жетва, а откако ќе се вратеше оттаму продолжуваше со аргатлакот во Прилепско или Битолско Поле. Со парите што ќе ги донесе од жетва ќе купеше толку леб, колку еднаш во денот да јадат децата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Попот велеше: — „Коа ќе си дојде на годините, ќе истера наеднаш како видан на пролет".
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Луман сега заведе вергија: месечно, рече, секоја куќа од вашето село ќе ми дава по лира, наесен на секои сто брави, овци и кози сакам по пет за мене и десет ока сирење, а за пролет секоја куќа нека ми чува по руно волна, тие што имаат по дваесет овци повеќе – по пет.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Со Цанета се спријателив околу Цветници, кога уште пред да смекне снегот на Шар-планинскиот врв во градот слезе првиот летен ден прескокајќи ја пролетта.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Тврдоклрило, вкочането време, мртов ковач в часовник. Мртва пролет.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Падна една зима како мртов месец капна една зима како заклан страв Врвот од забите песни не изостри за голите гранки на погледот но пролетта ја наслути и ронливиот мак на тенката усна на детето на устата барање устата глад Капна таа зима како згазен страв Капна една зима како згасен месец
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Последната пролет е одамна умрена. Пролетта не умира, се насмеав.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Луѓето не брзаат, како да сакаат со својата бавност да го задржат летото кое и самото не брза на својата традиционална средба со солзливата есен, онаа есен во која човекот е далеку потажен што е сам отколку во пролетта.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Повеќе