пролета (св.)
На средниот багрем во лисјата белузлави од прав, неколку врапчиња пролетуваа од гранка на гранка.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Пролета птица (лештерка, клукалец, кос?), се огласи сојка.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
А жеравите што пролетуваа кон југ претскажуваа развој на времето спротивно од Бојановите желби.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Истиот час како сениште пролета низ спалната, излезе.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Тој човек, кој со леснина претрчуваше толку милиони километри, планини, реки, полиња, што како елен совладуваше големи трапишта со вода, кој на чудесен начин можеше да пролета низ кални, тешки патишта, низ трње, низ дождови, низ лапавици, со секавиците да се гони, беше жално, беше очајно да се гледа како се прпелка во малото, смрдливо сопче.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Одеднаш нагазив на сопирачката. Видов како на мојта глава пролета Високиот.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Стотини коли, коли во редици од километри и километри пролетуваа покрај него.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Пешаци и луѓе на велосипеди од сите страни и одвреме навреме минува мерцедес со спуштени завеси, пролетува стреловито низ плоштадот.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
На Винстон му пролета низ главата мисла дека веројатно би можел сосем лесно да се изнајми собата за неколку долари неделно, само кога би се осмелил да ризикува.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Мисли, што се јавуваа сами од себе но кои му изгледаа сосем неинтересни, му пролетуваа низ главата.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Сеедно дали постои или не бакнежот, со неговото „случување“ се случува и пресврт во директното опкружување на поетот: се населуваат две тишини околу него како доказ дека имало бакнувач, како оставена трага во денот на нешто што пролетало низ него.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
На попот и на коларот, и на некои кои останаа тука, им се стори како брзокрил ангел да пролета, како молња која бесшумно се одалечила од гробишата.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Границата сега повеќе не можеше ниту пиле да ја пролета.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Колку брзо ѝ пролетаа годините на грчката и на италијанската врска!
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Во себе кришум веројатно разговараш со птиците единствените пријатели на поетите, што пролетуваат реки полиња гори (само птиците ја паметат исчезнатата Атлантида опколена со откраднатото море на поетите)
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Се дешава и од време на време да ти пролета некој од нив пред очи, дотеран ко селско дете за на вакцина, што претставува јасен знак дека иде на интервју.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
Ема сакаше да изглуми дека не го слушна последното или дека за неа тоа не беше толку важно, но челото необично ѝ се избразди, а веднаш потоа се оптегна како излитен појас над нејзините крупни очи, додека по лицето и пролета израз на силна болка.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Не ја одминавме во муабетот и млечната криза (тогаш мене ми пролета низ глава прашањето од што ќе се прават млечни чоколада ако кризата потрае подолго и баш тогаш ти се откри на левото рамо прерамката, боја чоколадна), скршивме и по некој лаф за здравјето и доброто расположение на нашите заеднички пријатели.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
- Тој денес е успешен доктор по спортска медицина и работи во државната болница, но - продолжи Снеже - кога пилето ќе пролета си ја бара слободата за вишен лет и простор за свое сопствено гнездо.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)