пролетаријат м.

пролетаријат (м.)

И пак Претседателот, кој не можеше да го најде оној прост, едноставен потпирач во разговорите со него, оној човечки јазик за неколкуте недоградени павилјони на нивното здружно летувалиште, она дека градежната бригада ги доберуваше последните чкорки дрво, поминато под бичкија, оној толку разбирлив говор за работата, џбонаше нешто наоколу со мислите, рече нешто дури и за пролетаријатот, за авангардата и за местото на работното селанство во сето тоа, сѐ додека не се заплетка во своите високи реченици од весниците.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Егоистички си се изживувал, Леме, чисто буржоаски, не водејќи сметка за класната борба на пролетаријатот...
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Учев и во Македонија, велам, цел пролетеријат го изменив покрај Вардар... Пролетериј, пролетерија, пролетерију...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Да ја знаеја овие кадри, овие догматски сили тајната инструкција за трансформацијата на козарите во индустриски пролетаријат, сигурно не ќе поминеше добро партискиот секретар на градот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Селаните, принудени да го населат градот за да се создаде „новиот пролетаријат” се првите жртви на режимот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Следат козарите, дојдени да го формираат пролетаријатот на новата југословенска јужна Република.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
РЕАЛИСТИЧКАТА УТОПИЈА, омеѓена со периодот меѓу двете светски војни, го доживеа својот врв кога тектонските сили на колективната свесност беа уништени од револуцијата на пролетеријатот во Русија и со подемот на Фашистичката и Нацистичката доктрина.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
А сега ни се заканува нова диктатура на со нацијата обединетиот шовинистички пролетеријат.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Таа нема за цел да им ја пренесе власта на своите деца, како такви; и доколку не постои друг начин за задржување на најспособните луѓе на врвот, таа би била совршено спремна да регрутира една цела нова генерација од редовите на пролетеријатот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Министерството требаше не само да ги задоволува многукратните потреби на Партијата, туку да ја повторува целата операција и на еден понизок степен, за потребите на пролетеријатот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Комунистите, сакајќи општеството да го направат поправедно, идеологијата ја поставија за капетан и кормилар, на местото на Профитот, а пролетаријатот во функција на движечка сила.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Марксовата визија за царството на слободата преку митот за преодниот период беше ставена во служба на обезбедувањето поддршка за Лениновата диктатура „на пролетаријатот“.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Првиот е либералното потекло на неговото семејство, отворено за уметноста (татко му бил скулптор), а вториот родниот град Келн, полн контрасти меѓу католичката буржоазија и „црвениот“ пролетаријат.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Вистинско љубовно катче за оние кои потекнуваа од лумпен пролетеријатот. За оние што немаа спална соба на четири тркала.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
А на нимните места ќе и клајме кадрата на нашче мили и драги руководители: Захаријади, Сталин, Тито, Димитров и на сите други шо се водачи на меѓународнио пролетаријат...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Не, јас не разбирам... - Што, бре, пак не разбираш? - Па, тоа - диктатура на пролетаријатот?!
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Меѓутоа, најважно е организацијата на секојдневната борба на пролетаријатот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)