прокоцка (св.)
Тогаш ми била понудена „последната шанса“ за спас, ама јас сум ја прокоцкал и не сум се покажал достоен за нивното „фер однесување“!
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Не знам како ќе ве пуштиме сами на летување штом сте такви. Којзнае каква беља може да направите. Довербата ја прокоцкавте – строго ни се обрати на двете.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Мислам дека сите додатни објаснувања на Соња Пазарџиева имаа за цел да ме уверат дека сум прокоцкал убава шанса, но дека животот без тие непредвидливи околности ги губел изненадувачките својства, а спомнатата Соња, ја сфаќала во прилична мерка мојата природа, знаела дека јас не сум спремен да го изберам сивилото како основна боја за моето секојдневие.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Друго немаше – градите ѝ беа свиснати како празни ќесиња на комарџија кој си го прокоцкал сиот имот.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Се разбира, бракот не траеше ни цели 2 години, ја остави жената со дете, ја прокоцка куќата и си се врати дома - кај мама.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)