прокопа (св.)
На работа! На труд! Да прокопаме меко полињата родни афион, тутун, житце да родат благородни.
„Бели мугри“
од Кочо Рацин
(1939)
Прокопувај длабоко. Подземните одаи имаат влез од ова визба.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Сѐ на својот пат ќе прокопаат.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Снегот никако не запираше. Патеките што Бојан со упорност на крт ги прокопа до плевната, до потокот и до изворот, набргу бараа повторно чистење, зашто снегот тврдоглаво се пластеше.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Игуменот им го покажа бунарот во дворот од црквата прокопан до самата вода на езерото, од кој, во денови на зулуми и опсади, црпеле вода за пиење.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Прокопува со голем напор патишта непроодни, но, не застанува, ни пред води разбранувани, ни пред корења длабоки.
„Од дното на душата“
од Александра Велинова
(2012)