проклетство ср.

проклетство (ср.)

Оди и живеј со дамки на челото, со проклетството на бога и народот!
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Но што чекам јас? „Денес е денот во кој човек може да биде овенчан со слава и венци или со проклетство и срам!“
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
СЛОБОДАТА: Не заборавај, денеска дојде денот во кој човекот-борец може да биде овенчан со слава и венци или со проклетство и срам!
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Околу него се движеше и трепереше долга поворка - нечујна, разбранета и жестока во својата притаеност; се свлекла од ѕидиштата да се врти в круг како сиво проклетство, колона во која несигурно се претчувствува нишање на румени женски колкови и студена вкочанетост на ликови готови да обвинуваат за грев, сега кога тој, гревот, надоаѓаше со навев и се пробиваше низ многуте канали на свеста.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Го носев во себе своето проклетство да им верувам на сите Марии.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Се сети: ритмот на пулсот опаѓаше, бавно патуваше во неврат, во смрт. Алкохол, проклетство.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Ја молиш смртта да те заборави. Заборав нема. Во тоа незаборавање е твоето проклетство.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Какво е тоа проклетство, се костреше. И каква е оваа риба со студена љубомора в грло?
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Со смртен страв го кренаа гавазите пашата, ги збоднаа коњите, колку што можеа побрзо, ја напуштија Преспа, подгонети од мислата дека пашата го достигнало проклетството на неговите претци затоа што тој се дрзнал да посегне по скапоцениот прстен...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Еден вид проклетство; за да сокријам во себе некоја одамнешна вина. „Кажи, си пиел ли?“ Брат му го крена погледот.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Им рече во исклештените муцки: „Зашто носам проклетство. Затоа.“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Но, не беше тоа страв од проклетството на претците: со последниот свој здив пашата веруваше дека алах нема да казни никого, кој згрешил поради љубов!
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ноќта говори и заплашува, таа ја збира својата моќ и издишува проклетства.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Проклетство! Пак лежеше овде и тишина висеше над него како крило на мртва птица.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Со глава и тупаници ќе го скрши проклетството што му стои спротива.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Знаеше само дека никој не ќе може да го измени тоа; а за својот живот мислеше дека е проклетство, но негово, проклетство, за кое беше создаден и тој и неговото тело, од кое никогаш не се ни обишол да избега, а сигурно и не ќе можел да го стори тоа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беше едно проклетство, една горчлива судбина, една горчлива шега, која се прераскажуваше меѓу печалбарите од селата наоколу.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Една морничава волча осаменост, едно здружено проклетство на гладот, една погана стрвна заснованост околу, со која го изврзуваа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А за сето тоа проклетството ќе падне на нас.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
„Што е ова проклетство”, зборуваат луѓето, „која војска помини, таа собери ни ги луѓето...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Повеќе