проклетник м.

проклетник (м.)

- Пих, проклетник! - мавна со раката Аргир, по комарецот што му забрмчи под увото.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Проклетници, не можеа ли да го отепаат тој пусти крал порано или подоцна, кога нема свадби, - гласно негодуваше Вита...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Проклетници, не ме оставаат на спокојство.“
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Ах, проклетникот, - викаше полјакот и гледаше во луѓето. - Каде е, каде се крие? Кажете?
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Рече: - Сигурно, тоа ќе биде најправедната казна. Како можеш со тоа анџариште да го бодеш, проклетнику ниеден!
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Било некако време за икиндија, молитва во предвечерните часови, и се спуштале над нив, сами и изгубени на плитка вододерина, мраќава и есенски дожд, и веќе се стемнило, а Турчинот, во тишината со сосема ретки истрели, го заборавил својот алах: стиска нож и лази кон слепиот проклетник, ќе го коле, ќе ја одмаздува верата и честа на Империјата.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ме сонуваш ли ноќе, Доце? - Бегај, проклетнице, ги кренал како за одбрана рацете Доце Срменков.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ајде, стисни ги ушите да не чуеш, проклетнику.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Ене го проклетникот. Тој сам ќе си ја стави главата на тепсија пред Калпаковата тајфа.“ „Тој не е сам. Погледни, оној со него е...“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Видоа дека тој проклетник им нафрлил слама околу куќата, ја потпалил за да ги изгоре.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Што лошо ти стори кучето... Зарем не ги засака кучињата во Пансионот; зошто да му ја земеш душата кога не си му ја дал, проклетнику...“
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Проклетнику, така ли ќе ме измачуваш! само што не се провикнува.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Понекогаш старицата, проклетницата исчезнуваше и со денови ја немаше.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Раскрварен, јаден да биде се трудат разединет, газен од изроди свои проклетници, ѕверови недостојно му судат свој кога те гази најмногу боли
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Време е неверниците да замолкнат оти сакаат на крст да нѐ распнат време е проклетниците да се очистат и свињите што земјата ја гадат
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Кога светот стои во место кога лудаците остануваат на престол кога тешко се стига до вистината стиховите ја мрдаат жабокречината Кога доблеста знае да кризира и душата со чемер тетовира кога љубовта знае да девалвира вистината на хартија се гравира Проклетници одземаат живот ѕверовите се грабаат за имот лудаците го убиваат мирот стиховите сведочат на листот Лудаците сепак умираат ѕверовите во пекол заминуваат карактери и луѓе се менуваат а стиховите на лист остануваат
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Умрете вие проклетници На нашето раздобје... Во тивката вечер на осаменоста Со прекршени раце преполнети Со бисери од очните длапки.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
- Леле, внуко, Ѕвездо моја, како да те крепам, мило? да ми станеш, мила Ѕвездо - ти да станеш - јас да легнам - зашто мене ми е редот - јас да умрам и куртулам - од пустава старост мачна подгрбена, снемоштена, без домаќин - без чедото - сосечено од душмани - стани, мила моја Ѕвездо - мене стара да ме легнеш! - зашто змија ме каснала - отровница, проклетница - леле, злоба озлобена ме раскина, ме парчоса - да си појдам во темната - во темната безденија - мене таму ми е редот...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)