проклетија (ж.)
Се позатаи малку да види дали уште ќе ја штрека половината и крстот и бидејќи сети леснина, се обрна кон Митра со наивен детински поглед и полна доверба како кон своја мајка или сестра: — Да е видел господ, слепела, сестрице Митро, ошче за влакно ќеше да скрша глава. Boa ти било проклетија од господ на жените, сестричко.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Во паметта го штрекнаа зборовите што му ги рече таткото на умирање: „Проклетија ти оставам, Аргире“, му рече тој тогаш, “не пуштај никого лесно на скелето.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Проклетија, гори куќа а нивниот селанец Ангеле Преслапец, сега пожарникар во градот, го нема да дојде со црвена цистерна и да помогне: во огнот бездруго е Антуш Крстин.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
„Тоа е поради оваа проклетија“, рече таа, одврзувајќи ја црвената марама на Јуниорската анти-секс лига и фрлајќи ја на една гранка.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Еј! Излегувај од таму ти проклетијо!
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Модри од лутина, тие не ја споменуваа водата, туку нешта поврзани со меѓусебна завист и омраза - дека Сотир му купил стан на зетот в град, дека Михајло живее од наполеоните на дедо му украдени од компањони во Америка, дека Бамбо му ја дал кобилата на Бориза Штопар со мана, дека ќерка му на Бориза е вратена три месеци по мажачката сосе машината за шиење, дека Васко Бурзаноски клавал шеќер во комината за ракија, дека голем проклетилак има во сојот Куцалев, што ќе земе на заем никогаш да не врати...
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Врз лицата им се појавил темен знак на страв и ужасија. Нов Божји знак: Проклетилак.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)