продлабочен (прид.)
Најпосле, оваа пациентка дава толку јасен и продлабочен опис на својата состојба со „секојдневен” јазик, како малкумина други што ги знам.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Ставот кој изискува секој попрво да ја подарува довербата на своето мислење го потценува обратното тежнеење кое своето мислење би сакало да го закачи за мислењата на другите лица кои се многу поповикани да имаат мислење (како што во кинеската еротика се одложува сопственото уживање за да му се приушти на другиот и за да се стекне една снага и продлабочено знаење).
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Имаше некаков израз на тага на лицето на Сем, продлабочен со каење и проткаен од трпеливото простување на познајникот кој не можеше да биде разбран.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)