прогледа (св.)
На прво место тука е седиштето на царската управна власт — мудурлакот, на чие чело веќе дваесет и повеќе години седи стариот мудур Арсланбеј со десетина заптага и младото ќатипче и го претставува султанот пред рајата, ги гледа сите давии во името негово од сите деветнаесет мариовски села, тука е седиштето на мифеташот со пет шест души колџии што ги чуваат сите мариовски шуми; тука е седиштето на авџитабурот од двесте души аскер кој ги брка комитите и им помага на мудурот и мифетишот во тешките и одговорни државни работи; тука е седиштето на третокласното егзархиско училиште со архиерејскиот намесник на чело и четворица учители, во кое училиште учат децата на сите оние мариовци што сакаат да им прогледаат сшкдаи им и да станат попови или даскали; тука е изворот на попови од четирите поповски фамилии, и, најпосле, тука се: Влашкиот ан, анчето на Младена Чкулот, Петка Спасоев, Трајка Балето и Цулевото анче, во кои се враќаат и преноќуваат сите оние мариовци од другите села коишто за еден ден не можат да свршат работа во уќуматот доколку немаат блиски роднини и пријатели во селото.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
И кога дојде саатот новиот човек свет да прогледа, Доста веќе беше изгубила свест.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Се завртува ли со тилот кон гостите и се наведува ли да ги наполни чашките од ѓумот, кошулата ѝ се крева и над аловите чорапи и се прогледуваат белите жили под колена. А Бојана отиде уште подалеку: нарочно го разлабави гушалчето и под гушниче ѝ се прогледаа краиштата на градникот, па се прави да не сеќава.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Селото се прогледа како тепсија и Османлиите можеа да видат како од секоја куќа излегува густ дим од оџаците, а на сред село голем собор од луѓе.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
И така размислувајќи дали Анѓа не ќе приписка кога ќе го види та да го издаде, се прогледа на дното на улицата еден голем конак со високи калиња околу него и тешки порти затворени.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
- Измиј си ги барем очите, да прогледаш!
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Ако ја кренам главата; - Кај гледаш, вели. - Кај да гледам, му велам, кажи кај да гледам, да не прогледам. - В земја, вели Јон, оти ќе се сопнеш.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
- Напати сонувам, вели журчанчето, дека пак сум прогледал.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ако не прогледам, вели, што ќе барам да се враќам дома.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ќе чекаат повторно да прогледаме, вели.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Додај ѝ го на крвта богатиот француски талог и ќе прогледаш со сопствените очи!
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Птиците ќе пеат сред лепливите ливчиња, слепците ќе чујат, глувонемите ќе прогледаат.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Извештаченоста е онаа чудна состојба на душата во која свеста штотуку прогледува, како што тоа го кажува Гомбрович, увидувајќи го лицемерството на својата состојба, и кое се состои во создавањето на еден вештачки двојник, во правењето еден вештачки автомат на својата сопствена суштина, што значи во понадворешнувањето на себеси како друг, со милоста на знаците.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Но јас премолчев нешто пред увото ваше, о, вие кои доаѓате, кои читате и ме судите, а сега дојде времето да ви кажам што премолчев, да узнаете, да прогледате.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Но тој сѐ така еднакво ме биеше со шлаканици жешки, и крв ми јурна од носот, но тој биеше и велеше: „Кажувај, сатано, со каква магија расипана, нечестива се служиш за да гледаш“, а јас веќе ништо не велев и само си мислев: „О, Боже, се молам за душата на отец Стефан Писмородецот, оти злобен е и завидлив на оние што гледаат, а злобата е недостиг на виделина, и нема злобниот да прогледа додека му завидува на оној што гледа!“
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Страшна атмосфера, Френк Запа би го собрал гитаристот и тој би прогледал.
„Три напред три назад“
од Јовица Ивановски
(2004)
Професорите по струката беа повеќе од задоволни, освен што си дозволуваа творечка слобода онаму каде што не мораше да се придржува до ликовната дисциплина, додека професорите по теоретските предмети му прогледуваа низ прсти во кои тој не се пројавуваше ни со очекуван интерес ни со особена смисла.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Но со копање, и слепиот црв ќе прогледа.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Прогледај, поучен си, да светиш, созреан си, посложен си од фосфорот кој знае да свети ладно, зошто не е вичен да свети со топлина како тебе, како што те учеа од мал.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Ако го затворите срцето, нема да ви прогледаат очите.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)