провре св.

провре (св.)

Бргу, како стрели се провреа низ коридорите натискани со патници, од еден вагон во друг.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Бргу, како стрели се провреа низ коридорите...
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
За миг се провре низ отворот и се изгуби внатре.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Момите се скараа која повеќе да собере од парите, а деверите се провреа меѓу нив и стигнаа до средната врата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
„Добро е! - помисли Трајче. - Кога може главата, ќе може и телото да се провре, но како да се спуштам долу...
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Со мака таа можеше некако да се провре меѓу железните прачки од прозорчето.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Кога се стемни, се провре низ прозорчето од коњушницата и го фати патот за дома. Во селото стаса пред закопот.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Сака нешто да ми прочита во нив, низ црнката да ми се провре во срцето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Бреговите тоа го гледаа, се поткреваа и шептеа нешто со тополите врз нив, па тој не забележа пред него како се покажа и друго место, по него пак друго, сѐ некогашно и сѐ познато и драго, и преплашен скокна од потајниот допир кога го полази тенка водена жила што се провре меѓу прстите на нозете а потоа му ги покри стопалата и низ тенко жуборење водата почна да се качува по него нагоре, да се тимари, да го гали; забележа свиткани како лежат исушените стракчиња билки на дното и како го тркалаат грагорот пред себе еден величенствен облик.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
А тој се врти колце и удира во луѓето, сака да се провре меѓу нив.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Влегувам во едната куќа — полно, влегувам во другата — не можеш да се провреш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не му реков ништо, тој и не ми се обраќаше мене, само знаев дека ме донел на раце и ме оставил врз сламата на својата кола со едно воле, потоа им ги проврел главите на моите сиви близнаци низ јаремот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се провревме низ грмушките и поседнавме во круг, небаре сме Индијанци на договор.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Момченцето ги втисна стапалата и ги провре своите црвени, испукани раце, погледнувајќи во валканата вреќеста облека на луѓето, и удолу во долгата линија од луѓе и жени.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Се провре низ оградата и влезе во градината, се растрча, а по некое време дојде до борот сред градината и почна да копа крај неговото стебло.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Овој пат низ нејзините подотворени усни тој го провре јазикот и со него ѝ пробуричка низ устата, по јазикот и по забите.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Сѐ уште не го пуштавме надвор и мора да се проврело незабележано кога сме ја отвориле вратата.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Арно ама, без оглед каде и за што се водеше разговор, кога ќе наближеше крајот, кога неизбежно ќе дојдеше часот за збогување, обично во претсобјето, низ полузатворената врата, тој уште еднаш ќе го провреше своето бледо лице со живи црни очи и на главата на семејството, која прашањето со страв го чекаше, ќе ѝ речеше, небаре се работи за нешто сосем споредно: „Туку, можеш ли да ми...?“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Речиси се провре меѓу грнчарот и Ѓувезија Дубровска.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
„Безгранична слобода“, изговори гласно и во мигот му застана нешто во главата како јазол на конец што треба да се провре низ иглени уши и погледот пак го врати на сликата раздробена меѓу зарѓаните квадрати: Човек седнат на клупата во паркот, лево од него и зад него високи ѕидови опшиени на врвот со бодликава жица, пред него долг пат со камени коцки до главната капија на затворот, од десната страна затворската зграда од која зад решетките го гледаат две очи сини, како синото небо над него.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Повеќе