провинцијален (прид.)
Министерството прво ги праќаше своите стипендијанти во српските провинцијални градови за да учат, а после ги собираше во Белград во специјални школи или на Великата школа.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Можеби би можеле да почнеме на мало, со оглас во некој провинцијален весник или ревија. Ја сфаќаш мојата идеја.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Имаше многу безлични провинцијални групи, кои доаѓаа во валкани автобуси.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Во овие десет броја Маргина се обидуваше да го разбива оној нарцистички (автистички, во крајна линија), оној апологетски концепт (симптом, поправо) за културата, кој богами е доминантен во нашево кревко и бедничко културно живеење; од уличните минувачи затекнати во глупавите анкети, општинските чиновници, директорите на културните институции, министрите, преку новинарите и уредниците на културните рубрики, до претседателот на државата (кому, сепак, единствено и може да му се прости таа јазична помпезност, бидејќи работното место му е такво, церемонијално), речиси секаде (особена чест заслужуваат ретките исклучоци) владее тој бомбастичен, провинцијален дискурс кој повеќе прилега на мобилизациски плакати и на продавници за вештачко цвеќе отколку на еден јазик кој треба да критикува, да продлабочува, да артикулира разлики.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Новата народна уметност, онака како што ја замислува оваа Партија, не може да биде ништо друго туку терор на провинцијалната потпросечност врз сѐ што е индивидуално и што мисли со своја глава.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Таков провинцијален експанзионизам, таков фрустриран паланечки дух, кој за сексот и аналните искуства говори само под маската на обредот, кој во суштина е обред на една политичка партија, не нуди никакви перспективи.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)