пријаде (св.)
Зашто... (Се мисли.) Ми текна нешто, да простиш, Спиро, како на трудна жена: ми се пријаде месо со компири...
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Баш ми се пријал бакрданик со сланинка, ама така мекичок да е — како за стари луѓе: та веќе не ти ида ваа есен, не плаши се ни ти, ни твојте вдовици и ергени.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Их, шо ми се пријало кокошкино месо!
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Јас сум, му одговара некој однадвор, - комшијата Пецо Кацарот. Врати ми ја мисирката, мевце ми се пријало.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Но, се стемнуваше, а на Малчо му се пријаде и реши да си оди дома.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Дедот Јована го пријаде јасник, но се прави глупав како овчар та му одговори: — Море, нека ви е честит бајрам, ефенди; токо јас кај можа да и остава виа пустињи сами овде во планината, ќе и исколат в'ците.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Кога стана разговорот за женење, Толета го пријаде јасникот и почна да ги реди во умот сите девојчиња од селото и да нагаѓа која ли сака да му ја наметне бегот за да може после, како своја робинка, да ја прибере на кулата.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Мечката мисли дека родот на дренки ќе биде голем тогаш кога ќе ѝ се пријаде.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
„Леле, ми се пријаде!“ залелека Жарко. „Време е да се прибереме! Ајде, растур до приквечер!“ ***
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Кога видела на стапицата нешто послатко беше ѝ се пријало.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Уште кога ми текна на лебот цревата почнаа да ми кркорат од што ми се пријаде.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Замислено гледаше во пејсажот, копнеејќи по некоја глетка - изненадување: змеј што блуе оган во низок лет над нивите, пуфкајќи чад и притоа испишувајќи го на небото нејзиното име, или автостопер вонземјанин, со антени и влажни стаклени очи што на чист македонски бара превоз до најблиската бензинска пумпа, не заради горивото туку затоа што му се пријале Квики-гриц.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)