приучен прид.

приучен (прид.)

Јас знаев дека родителите, заради срамот, најчесто ги исфрлале тие млади жени од дома, па тие го завршувале животот од глад, студ, или болест, многу бргу потоа, уште пред да се породат; знаев дека некои од нив, што ќе преживееле до породувањето, го оставале детето во некое сиротилиште, па работеле најтешки работи, заради кои животот не им траел долго; знаев дека имаше и такви кои, не можејќи да го преживеат срамот, а за да ја сочуваат честа на семејството, се убивале без да им кажат на најблиските дека забремениле; знаев дека некои оделе кај приучени луѓе кои им давале да испијат горки течности по што го исфрлале плодот, а понекогаш и самите тие умирале од отровот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Несвесни дека дишат, тие ту зборуваа на мајчиниот јазик ту на приучениот јазик.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
- Смачено ми е од извештачено продавање на приучени манири, смачено ми е од користење на интернационални фрази за да изгледаш помудро, смачено ми е од целиов овој провинцијализам што сака да се напика во центарот на сите збиднувања ...
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Тешко е да не ја глумиш оваа приучена префинетост, а да им се доближиш на оние кои само тоа успеале да го научат, но ти зависиш од нив и мораш да ги усвоиш истите норми што нивната реалност ги спроведе како закони за опстојување.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)