присуство (ср.)
Со тоа си земаа збогум со свети Димитрија и го молеа да им ги прости гревовите што ги направиле за оваа и друга година, што газиле околу манастирот, што јале и збореле можеби понекој непристоен збор во негово невидливо присуство.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Уште една година осигурен е барем од нејзиното присуство.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
И ене го најпосле и „Илиос“ на Трибор, како нункова погача, на лоза печена, поцрвенета на горната коринка. Не излегол ни еден остен, а веќе насекаде се осетува неговото пријатно присуство со светлиот поглед и пријатната пролетна топлина.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Земјо, зар не збунува присуството на таа жила што нѐ дели никојпат да не нѐ раздели?
„Вардар“
од Анте Поповски
(1958)
Сакаше да го избрише нејзиното присуство. Кукавички. Подло.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Лед. Празно, пусто присуство... Мака. Крв од уапана усна...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Бродот чека и ќе чека, зашто во неговото присуство се таи нешто големо и важно, она што го тера да се рие сега во мракот.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Изгледа таа го забележала неговото присуство. Тоа е јасно за него.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
И шепотеше нешто: „Ти не знаеш за моето присуство овде.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Во таквите куси мигови, кога успеваше да заплива сам во таа белина, чекорот му стануваше лесен како на елен, а во него се насобираше некое гнездо топлина, што раздразнува меко, гаделичкајќи го во градите, и му беа потребни само уште неколку такви, длабоки и слободни здивнувања, за да ја изгуби сосема тежината на туѓото присуство и да запее, да вресне нешто без смисол и без ниеден збор, само еден див долг и ослободен вресок.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Еднаш, кога беше сосема изморен од таа игра, во која постојано се напрегнуваше да смири некого само со своето присуство, тој помисли дека секој од нив останува да си биде само она, што си е, и дека тука никој никогаш не ќе може да измени ништо.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Тука, крај него, во неговата близина, имаше уште некого, тој просто го сети неговиот здив и неговата зачекореност, еден ужасен впечаток за нечие непожелно присуство, сè додека не беше во состојба да ги вкопа петиците во двете вдлабнатинки, што успеа да ги направи за тоа во тврдиот снег, и добро да погледне нагоре, кон стените, до кои не успеа да допојде во ранината.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
На пример, можеше да се капе, но само во присуство на раководителот. И тоа ми било нешто – само во плиткото!
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Документаристичкиот приод во градењето на романот се отсликува и во цитирањето на познатите документи кои тангираат конкретни личности или настани за кои станува збор, и нивното присуство во народната песна, кон која Николески има посебен респект.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Сегде се чувствуваше нејзиното присуство.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Папратот почна да ја отфрла својата темно зелена боја, овошките покрај потокот се прошараа со жолти лисја, но највидливо беше присуството на есента во шумата.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Таа секако ќе знаеше да го насети присуството на волците.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Но штом ќе се напластеше снег, со морничави ноќни завивања го покажуваа своето присуство.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Нашето присуство само ќе ги дразни Турците, та поголеми зулуми ќе прават.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Уште кога татко му рече дека бегот тропа, тој се наежи, но присуството на сите домашни, особено на мајка му, го закова во ќошот до ноќвите и само стоеше и слушаше што ќе сака сега овој „пес" во невреме кај нив.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)