пристори (св.)
Секој од нас ќе забележи оти тие луѓе, за кои ние знаевме само од книга и ги знаевме како луѓе што сакаат да ни поможат да се ослободиме, ни се покажуваат нам за пријатели и сонародници и ни се присторуваат за наши покровители, не затоа што сме ние Грци, или Бугари или Срби, не зашто се грижат за некакви општонародни интереси во кои влегуваат и нашите, не зашто сакаат да поможат и да нѐ избават нас, а само со чисто егоистички цели, т.е. тие го експлоатираат тоа што ние се викаме со нивните народни имиња и сакаат, врз основа на постоењето на тие народни имиња во нашата татковина, да ја зголемат својата татковина, да ги обезбедат своите интереси со завладувањето ако не на цела Македонија, тоа барем на голем дел од неа.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
- Сус! – присторе Луман и тргна кон вратата. – Ајде!
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Танас се замисли. - Што да ти речам! – присторе. – Ако ме слушаш, татко ти вели да си молчиш.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
- Како да чув, -присторе таа.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Седеше на креветот и не се помрднуваше. Му се пристори дека во претсобјето слушна шум.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
- Не биди аџамија, можат да се докачат сватовите... - со присторено весел глас му рече Мискарица, настојувајќи на севозможни начини да го склони Пандета да се откаже од својата намера да ја види момата пред стројот...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Но уште веднаш во слизнувањето му се пристори пред погледот и тој успеа во еден миг да здогледа некакво помрднување; наеднаш имаше впечаток дека не е сам по таа угорница.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
- Хм, - пристори Коте изнервирано. - Што знам каде ја ставило жеништето, рече и излезе надвор.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
- Ах, - присторе Србин. - Колај е тоа, ама отаде пак Србите ќе не згаштат.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
- Ееее, - присторе Шишман и туку целиот се разблажи во лицето од благодарност.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Кога навикнавме на таа едноличност, на тоа сивило, вторникот во бавчата се раздени добиче што тонеше в земи, слепи близначиња шетаа по дворовите и пееја, и така, Ноќта ми се пристори некоја небесна тишина во која не се слушаше ништо освен оној вечен звук на земјата дури се врти.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
И му се присторува само сенката на убавата жена Некогаш што си потпевнуваше во дворот Тој дури ги окопуваше овошките.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
И ми се пристори дека во нив сосем ја снема радоста...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Не се најде дури ни некој таков, кој, после, ко се дозна за тоа, барем само да речеше дека му се присторило нешто така, како да поминува некој по сокаците, но од што умот му бил зафатен на друга страна, да пази на тоа за кое бил одреден да пази, не се сторил ниет ни да помисли дека некој може, ако не е лично Хаџи Ташку со дружината, да се крене на пат по такво време.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Потоа го симна од ѕидот и огледалото во кое Илко се огледуваше и во кое ѝ се пристори како да ѝ се присенува неговиот лик.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Ми иде од некаде, ми се присторува дека иде и пушта рака: ме трга да не настинам.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
На сите веќе по нешто ни се присторува.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Кога ја видов првпат во нејзината прва форма, во нејзиното престорување и присторување?
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
„Растеш?“ Мајко мила, се вцрвев толку што ми се пристори небаре ушите ќе ми расцутат.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Ни се пристори цела вечност додека стоевме пред затворената влезна врата.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)