пристапница (ж.)
Бидејќи фронтот овде мируваше долго време, војската имаше време да го изора ридот со ровови, како по линијата на фронтот така и во правец на отстапниците и пристапниците што обезбедуваше максимално добро функционирање на војничкиот живот.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Прашаа дали некогаш сум држел пристапница од Партијата в рака, и дали сум ја исмејувал пристапницата, со тоа што секаде каде пишувало „народен дух“ сум напишал „Луција“. Реков дека е така.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Доколку само не притискаше со силата на политичкото, јас ќе бев и нејзин, и на народната уметност; доколку само ми дозволеше сам да го напишам текстот на пристапницата... доколку...
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Познато е дека луѓето под маска доживуваат еден вид транс, затоа што се наоѓаат на тенката линија меѓу идентитетот и алтеритетот, меѓу она што сум јас и она што ме прави маската (не-јас); во таа двосмисленост на идентитетот (како и кај проклетиот формулар што се вика пристапница) се состои трансот, карневалското чувство на еуфорија; во такви услови анално-гениталните опсесии стануваат неминовни (по тоа не се разликуваат партиите и карневалите); и треба да се види допрва зошто двојството на идентитетот, по правило, кај сите народи и култури, се сврзува со анално-гениталната метафорика.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)