присој (м.)
Блазе си ви, велам вам присои ладни, што чувте кај грми на пушките екот, пет векови гласат премрежиња страдни, вик јуначки сега прогласува векот!
„Локвата и Вињари“
од Лазар Поп Трајков
(1903)
Ене го пусто да биде. Над лозјата во присојот. Тоа го викаме Бренското Чешмиче.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Мислите му беа жолти и лепливи, се кончеа скришум и ползешкум, многу слични на една трева, што ја викаат самовилска коса и што расте по најзаглушните места и најниските присои, едни сосема лесни, тивки, шупливи мисли, токму како таа несигурно поникната тревка.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Беше војна. Како и сите други селани, и Језекил сега ги копаше и ги посеваше со јачмен и со пролетна јарова пченица подновените нивки по шумските чистинки и по присоите крај нивното село.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
- Цин-цин! Цин-цин! Цин-цин! - се ширел низ присоите и осоите ѕвонот од стадата...
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Во присојот, над Заветна се огласуваше кукавицата, низ папратот, низ грмушките чуруликаа невидливи пилци, радувајќи ѝ се на пролетта, разлазени, растрчани по падината блееја јагнињата, а над сето тоа како пленувачка музика, изведувана од огромен оркестар, трепереа ѕвонците, клапките, прапорците. Убавина!
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Дуковци имаа колиби на пет-шест километри подолу, во еден пријатен присој, зад Рамни Ливади.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Напати ќе ни се затркала од ридон во присојон, од под млакине горе.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ни фаќаат и присој и осој и видик.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Незаборавниот ден осамнал со неколку богомолски подвиткани кокичиња во присојот на источните манастирски ѕидови.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Јававме по една присоина обрасната со папрат. Патеката беше тесна, толку тесна што на неа не можеа да се разминат ни двајца пешаци, а камоли коњи.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
Таму е леичката, во присојот, баба не ги расадува.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Едната е присој, другата осој, едната лазурна, другата траурна.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Стоеше на скалите и гледаше на процепот што го создаваат Каранџова Глава и Присојот.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)