принцеза ж.

принцеза (ж.)

Зло: принцеза (прст во носот!), сета грда, сета грда, со предолги уши мрда, пред мрсулав принц и клепкав таа везден ноздри чепка.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Седум генерали, ни големи а ни мали, под еден се мустаќ тежок; раце шират - в преграб жежок го стискаат царот питач, со него и принцот клепкав, царицата боса, лита, принцезата нос што чепка, танка и со фустан скинат, и уште и песот царски, со некоја муцка луда, но со меч и пелерина...
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Во Бугарија дошла од Кашмир каде што, според преданието, некоја индиска принцеза се капела во базен сиот опсипан со ружи...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Откако ниту со орелот (зад најодалечениот облак), ниту со рибата голтната во најдлабоките води) не успеа да му измолкне на принцезиниот поглед, момчето потполно ги заборави и престолот и кралството, а помислата на принцезата го исполнуваше единствено со ужасна тревога.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Во тие очи е оној настан што подоцна ќе дојде неизбежно како што доаѓа утрешниот ден: еден нов Микелајн, со лажно име Липа Рипс, придружник на руската принцеза (Рубинка Фаин можеби под друго име) отмено го живее својот живот во срцето на Турција.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
- Си беше еднаш една принцеза која живееше крај големото море полно со водена вода...
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Принцезата, - продолжи таа, - имаше волшебно стапче и со него ги оживуваше умрените.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Дедо ми Марко, кога ние трите бевме мали, ни раскажуваше постојано сѐ една иста приказна за принцезата Дуња-Ѓузел.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Еве ја! – покажува на куќното палто. – Што? – Долгата роба со боја на зрело жито која припитомена викиншка принцеза ќе ја облече ноќва.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Кревок е светот во кој принцезите им го продаваме на варварите за по две години мир.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
А што со Мојсеј во реката со неизбежната судбина принцеза да го извлече од трските?
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Му се приближив на симболот и на неговите слоеви значења, но, штом го допрев, тој се преобрази само во убавата принцеза. 98.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Принцезо на убавината и соништата, покажи ми што знаеш!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Сега среќно омажена, живее богато како принцеза.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
„Господи, значи мравката била принцезата од мојот сон“, извикал изненадениот Мијато Акиносуко...
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Сплотени во песната на една принцеза, која го држеше букетот во раце и мислеше на невозвратената љубов.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Ќе те глочка како зрното грашок принцезата.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
А принцезата копнее, коментира, класифицира стокмени зборови.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Најмало дете на своите родители, Томаица беше растена и чувана како капка вода на дланка, како да беше мала принцеза.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
„Сѐ уште не, принцезо“, ѝ рече, плескајќи ја по образот со најголема нежност која некогаш ја почувствувала. „Сѐ во свое време“.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Повеќе