примрак (м.)
Во тој сив примрак рамениците на заробениот уште повеќе се подвиткуваат, неговиот нос го допира писмото. Не пишува со носот.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Тоа беше волшебничка кугла, таа чаша што раѓа во себе разденување и примрак па после како сунѓер ја впива ноќта и ја дави месечината в катран. Тоа беше огледало.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Никаде куќи од завесите на дождот ни прозорци ни стреи сал процеп од сиво небо среде гранките на примракот.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Песокта стапките им ги збира примракот трагата им ја брише ветерот гласот им го гаси.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Свртена сум кон тебе со пламнати коси по кои се спушта пепелта на примракот.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Кога веќе примрак се вратија во шаторот, додека Геро, Евдо и Ване ја растовараа и ја сместуваа опремата, возачот беше наложил оган и ги чистеше рибите како да превртува чорапи.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Во примракот се погласно се ронеше детскиот плач.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
И еден ден, пред примракот, дојдоа камионите. Врнеше, истураше. Радост нѐ зафати.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Во примракот стигнаа камиони и не однесоа... Во молк го напуштаме Трстеник.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Сите мени ги носат утрата и примраците.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Честопати, во примракот, си седевме на чардак и тивко-тивко, колку за наши уши и наслада, си пеевме наши песни.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Високо - го снема пурпурот на заодот и во последните издишки на примракот, дотече мракот.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)