примка (ж.)
Излезе и падна во примката на двајца болничари.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Температурата на животот топеше еден студен, дотогаш непробоен оклоп а тој плашејќи се да биде разголен до дно поставуваше примки. „Јано“, рече. „Тој професор за кого ти расправав чека сега луѓе во заседа и ги моли да пијат со него.“ „Ти не пиеш.“ Дали е возможно, мислеше. Дали е возможно.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Можеби восхитот наш ги исплаши тие сини бои во прелевање што бегајќи од кафезот на восхитот залутаа еве ненадејно во примката на зборовите да говорат за убавината на летот и за осамата на мирувањето.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
По кои беспрекин се оди по примката на зборовите
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Влегувањето во градината е бавно влегување во примката на времето што само зборот ја отклучува.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Јас сега не можам да си простам дека како дете и јас сум поставувал замки, клопки, примки за да фаќам птици.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Попот го остави алатот на клупата, која му се служеше и како стол и како тезге за работа, поинаков, скоро непознат, без магија, во стари панталони и во кошула со многубројни риги: го загледува довчерашниот свој противник и сака да му ѕирне низ очи во душата, да најде што смислил тој и не му готви ли примка.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Колку има за ова овде, колку преговори да нѐ прелажат, колку примки, мамки и замки, што се вели, ама, ајде...
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
И така нашиот зејгора пак сам и без братска помош на поранешните свои познајници, со стремеж зацапал по мочуриштата, да фаќа со примки и стрели чапји, жерави, шлуки и галепчиња, и в поле или в планина -дропки, пчеларки, пупунци, сојки, ветрушки.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Старчето го погледнало со очи на желка фатена во примка и со насилство задржана глава вон од оклопот. - Ми донесе ли печени компирчиња, Доце?
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Биле ветроепци: кога не им се работело, местеле по ридиштата примки за еребици, барале рекички од кои со приготвени кошови ќе извадат риба или во шумата покривале со лисја стапици за дивина, па фатиле болвлива лисица и срнец со бел задник. Лапале и полжави и желки.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Сенката на манастирот паѓала на другата страна, кон густите полусуви и сѐ уште неизгорени смреки премалку достоинствени за својата жилавост, кон зимзелената расфрленост што горе, под најблагиот превалец се проретчувала пред старци дабови, и пред парченца млечна покривка на снег со четирипрсни траги на лештарки и со лански примки за горски еребици.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Во нејзините очи изгрева сјај, ја мести примката за орелот што врти некаде горе над нас и нишани.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)