примат (м.)
Хегел никојпат не тврдел дека човечкиот субјективен „светски разум“ го создава движењето на категориите на „објективизираниот апсолутен дух“ во природата или општеството (неговата дијалектичка филозофија го признаваше приматот на надворешниот, „објективизираниот светски разум“ над самоспознатиот, „субјективниот разум“ кај човека), туку верувал дека во неговата филозофија „апсолутниот дух“ се „самоспознал“.
„Значењето на Хегеловата филозофија“
од Кочо Рацин
(1939)
Тука од векови бил развиен занаетчискиот цех на тантеларите. Тој примат и денес го држи во свои раце.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Но, тоа што ова тело функционира принудно и автоматски, под примат на програмите за одржување на видот, не значи дека функционира помалку правилно.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Таа нова положба исто така пренасочува кон размислата за природата на осознавањето, неговите специфики и историчност, посебно поради тоа што постмодернистичката дилема и пресврт (замена на парадигмата) со право го релативизираат семоќниот дух (ум), неговиот непосреден примат над сетилното и (по општите претстави) од понизок ред сетилно осознавање.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Освен што е вџашувачки неписмен и преполн со коректорски грешки, текстот изобилува со речиси поттикнувачки небулози и дисоцираност, со што се квалификува, меѓу другото, и за забавно четиво (да цитираме пар „антологиски бисери“: „изнедрени од сопствените пазуви“; „судбинска неотуѓивост на право за мирно и макроко-смичко диспанзивна субвенција“; „апогејно-високодострелна нивелација“; „историјата е небеневолетна /веројатно „небеневолентна“, наша заб./ и согласна за слични примати историски отспаки /веројатно „отстапки“, н.з., но небулозноста, сеедно, фура/; „дрво кое со тек на времето прераснува во еднотелесна интегрална шума од бројни коридорни стебла“ итн.).
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Телевизијата беше едно од најголемите зла на 20 век, а во 21 тој примат му припадна на интернетот.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Нејзе сѐ уште никој не ѝ го срушил приматот на најдобра мајка. Не ѝ се ни приближил!
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Дека приматот за вечна фалба, ете, некоја му го одзела.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)