примами св.

примами (св.)

Во извесна смисла, се чувствував понижен и отфрлен од сите: не учествував во нивниот обред кој ме возбудуваше и ме примамуваше; не пеев дури ни народна песна; не играв оро; не читав патриотски рецитации; јас бев паузата на нивниот обред, обичен кловн што, искачувајќи се по скалите потпрени на небото нема никакви докази за неверството на својата Петрунела. ***
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Знаеше дека среќата треба да ја примамиш со својата внатрешна среќа, дека среќата бара да ѝ постелиш среќа за основа за да долета кај својата стара добра пријателка, внатрешната радост.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Ме примамува толку силно и несвесно ме тера да размислувам само за него.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Со дрзок мирис кој ќе примами нечиј нос.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)