прилив (м.)
Во приливот на шепотот на млаките бранови на ветрот носеа до него чудни зборови само по звук оформени во протест и бунт.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Неизвесност, се сети. Во него нарасна горчлив прилив. Но ништо, другар брат, не е неизвесност.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Му се стори, нејзиното рамо потрпнува во прилив на неречени желби. Што можеше тој?
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Во Париз постои огромен прилив на нови жители, градот расте, но тоа се прави со една рамномерност.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Софија нема толку хотели за да може да прифати толку голем прилив на гости и туристи од земјата и од странство.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Се сеќавам и на месечината и водата, за нивниот прилив и одлив во нас.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Во очите ѝ надоаѓаше модрикав прилив на зачуденост.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Но смекнувал, во него надоаѓал прилив на позната растревоженост. Се чувствувал виновен.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
На грб, со отворени очи кон таванот кој сѐ уште поигрува во приливот на спарувањето, Ана, со топло поточе сперма меѓу нозете, му се насмевнува на својот драг, задишан фудбалер: „кога би ми бил брат... “.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Нам денеска ни е јасно, дека токму критичките процедури се оној метаконтролен регулатор, кој го перпетуира стариот систем, со тоа што му обезбедува непречен прилив на нова социјална енергија.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Токму како што САД и СССР го контролираа светот минатите четириесет години дистрибуирајќи оружје во секоја услужна диктаторска земја, сега Јапонските и компаниите од Силиконската долина го ослободуваат светот со бескраен прилив на електронски алатки дизајнирани за индивидуална употреба.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Устата му се чепотеше до ушите, откривајќи ги нималку детските челусти; и беше чудно што лешот има толку подвижна, жизнерадосна уста; клемпавите уши му се зацрвенија од приливот на претходно исцицаната крв; лиценцето го беше подигнал угоре, кон Бога; неживите очиња ги затвори и пееше внимателно, со труд, дури мртвите жили на вратот му отекоа.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
236 Во текот на припремите за операцијата Хелиум поради недостаток од оружје и воена опрема, а како резултат на големиот прилив на нови борци, било одлучено од страна на мисијата Spike “сите пратки од оружје и муниција за Македонија ќе одат за Brasenose кој има три илјади невооружени повторувам невооружени луѓе.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Со тоа делот меѓу Охрид, Струга, Дебар и Кичево повторно станал слободна територија.175 Успесите на Првата македонско-косовска ударна бригада во Западна Македонија како резултат го имале повторното разбранување на вооруженото востание во овој крај и големиот прилив на нови борци.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Со оглед на чудните пресврти по пропаста на Отоманската империја, од Салоник кон Монастир се случувал прилив и одлив на сефардско население во миграции предивикани од воените плими и осеки на новиот 20 век најавен со воени случувања на Балканот, а потоа и со две големи војни што пламнаа низ целиот свет, а особено силно се разгоруваа на територијата помеѓу двата града. Елеазар бен Цви, значи, ги знае сите факти од животот на монастирлиите.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Разгорот на оруженото востание и приливот на нови борци по капитулацијата на Италија создале услови за формирање на покрупни воени единици.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
По завршувањето на офанзивата и по неуспехот на непријателот во остварувањето на неговите цели, дошло до зголемување на слободната територија и прилив на нови борци.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
1 Ваквата состојба на духот овозможи странските инвеститори да стекнат речиси мисионерски имиџ – од нив се очекува да нѐ избават од кризата, овозможувајќи прилив на капитал врз основа на кој економијата потоа ќе фати залет.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Законот од 2007 предвиде и можност Владата да ги намалува и менува квотите за вработување и работа на странци по региони, области, компании и работни места и да поставува ограничувања и забрани на приливот на нови странски работници во целост или во одредени општини, ако постојат добро основани причини дека ова е од јавен интерес или општ комерцијален интерес (чл. 5).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Но без намера да го оценувам однесувањето на нашиот Вујко, а уште помалку да ги поттикнувам горчливите приливи кај Виктор.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)