приколка (ж.)
Токму тука нашите луѓе ги поставуват шаторите, ги паркираат приколките, зашто тука уште не се наплатуваат такси, за ова или за она. Се сместуваат и - летуваат.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Во „Олимп“ кампувањето, за еден човек на ден, чини 60 драхми, толку и за приколка, односно 50 за шатор, а во бунгаловите, со четири кревети, на ден 500 драхми.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Си седи онака во страничната приколка и ме гледа со напудрените образи.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Но, елените не разговараат со играчки, особено кога се мамурни, а играчките почнуваа да се жалат – ту како некоја си ја шинала ногата или го исчашила колкот, како си ја потстругнала главата, или ѝ побегнало тркалото, приколката, па ти бара клуч, шрафцигер, ту ќе ти побара да ја подмачкаш со ова или она, небаре така ќе и престанат бодежите во слабината...
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Потем Ина му шепна нешто на аѓутантот, тој нишна со главата, пријде кон мене, и ми рече: „Госпоѓицата со задоволство ќе ви одговори на прашањето ако сега си одите, и ако по последната претстава, вечер, ја побарате во нејзината приколка.“
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Ина и Светлана им покажале што знаат од партерната гимнастика; еден стар човек, сегашниот нивни аѓутант, некогашен славен трапезист во циркусот, а тогашен чистач и продавач на сладоледи, се заинтересирал за нив и ги зел кај себе во приколката; ги хранел од неговата порција, а спиеле во неговиот кревет; тој спиел под ведро небо.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
По третата претстава ја побарав Ина во приколката.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Но зошто тогаш влегуваат во таа приколка?
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Покрај Циркускиот шатор, речиси до самиот влез на Циркусот, била поставена приколка во која бил прикажуван необичниот човек паднат од месечината.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Таму сега, на дрвениот пристан заколчен во водата, се враќаат рибарските чунови со утринскиот улов: крупната риба за резиденцијалната вила и репрезентативните ресторани, а ситната за останатиот народ - спикан во шатори, приколки и селски соби.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Тракторот застана на патот веднаш над куќата и тие двајцата сега отидоа до работ на приколката и од неа внимателно симнаа една голема кутија. Потоа ја донесоа во влезот на куќата.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Фала богу мојот трактор е од помалите, марка Тома Винковиќ, со мала, тесна приколка.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Кога тргнав со мртовечкиот сандак во приколката, зад мене тргнаа и два џипа со по два-тројца внатре.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Тие беа толку навикнати на бучавата на камионите со приколки и на двокатните автотранспортери, што дење и ноќе одекнуваше на автопатиштата, но и на брмчењето на авионите над нивните глави, како и на далечната врева на фабриките, валавиците и леарниците, така што мораа да подзастанат и да ги начулат ушите за да ги слушнат, онака како кога сакаме да го слушнеме отчукувањето на ѕидниот часовник во некоја соба.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Го прегази камион со три приколки сред градскиот метеж и за негова среќа го кренал некој чесен човек, го предал в полиција и ѝ јавил на фамилијата.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Во полската приколка во Бела Увала, во која само преспиваш по некој час и барем еднаш во месецот си ги преперуваш „купачите“ и некое маиче, ништо друго и не се случуваше.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)