приквечерен (прид.)
- А тој, стриче Лентен, - некое дете праша липајќи. Чичкото Лентен тогаш замолчуваше подолго; чудно изгледаше тоа мало човече во тој приквечерен час, среде децата, во пустиот, во глувиот дом.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Имаше нешто необично што останало за змијата додека лежеше таму на приквечерната светлина, нешто сугерираше на моќниот маѓепснички човек од примитивните времиња што чувствувал за змиите, гуштерите и рептилите за да се заштити и од злото и да ја повика добрата среќа, нешта што тој ги обликувал во слики од сребро и од злато за да ги носи како амајлии и талисмани, па дури и да ги обожава.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Од тој ден и тој приквечерен момент веќе никој не можеше да го пречекори прагот од станот на господин Гроздановски.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
И онака ретко имаат прилика да прошетаат сами во приквечерните часови на битолското корзо.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)