приказна ж.

приказна (ж.)

Ти брзаш,мој сине,да земеш венец од лаври во крајот на блаженства,кај што не се знае болка и време, каде што таму, во рајот, од приказни можеш да сретнеш задоволства толку ...
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
– „Ете вака, синко Марко, се сторило со Силјана од Мало Коњари; знам оти тебе ти е како лага; арно ама мене ми е навистина, оти од татка ми е прикажана оваа приказна“, вака ми рече татко ми кога ми ја прикажа со прво.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
– „Вистина, татко, и вие браќа селани, им рекол Силјан, ама за приказна е мојава работа што бев дури во долна земја или штркова земја кај што човек досега не пошол и не ќе појде, и да ми верувате оти не е чаре да ве лажам јас, чунки не ќе ви земам нешто да си кладам в ќесе, за да не поверувате за здраво.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
– „Море браќа бре, ами Силјан е шетан човек, им рекол некој стареа, тики видел земја секаква, ти видел море, тики со секакви луѓе се кунуштисал, да од тоа Силјан се научил вакви приказни и сторении да ни кажива.“
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
АРСО: Тоа е приказна за дечиња, коџабаши, прикажувај ја ти на внучињата твои, а нам ако сакаш една песна да ни испееш, ама весела, бујрум!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Другарите молчеа потиснати од неговата тажна приказна.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Во 1946 година излегува од печат првата негова детска збирка песни „Македонче“, во 1947 година поголемата приказна во стихови за деца обработена по народен мотив „Мице“, во 1948 година „Школско ѕвонче“ и „Во полската куќичка“ и во 1949 година излегува од печат книгата песни за деца „Крај огниште“.
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Ко некогаш не е во моето село, - снопје да се чукат со лескови вили, - растат нови луѓе, иде нова смена, - ко в приказна чудна селото се мени!
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Куќерката моја, суниска и тесна пред мене ми личи ко внекоја бајка, кај дедо ми кажвал приказни и песни, над лелејка каде ми пеела мајка...
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Бев вљубен во синооката Ана и љубовта ја знаев до тој ден како разговор за книгите - за Робинзоновиот Петко што избегал од човекојадците, за Гуливеровите смешни настани во земјата на Лилипутите, за детските војни во Павловата улица, за сите Вернови и Велсови фантастични чуда, за приказните од Илјада и една ноќ.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Но не престанувал да ја слуша приказната за чевлињата, туку сѐ сонувал со нив на нозете.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
И на татка ми, целата таа година, најмила му била приказната за чевлињата.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Вон од просторот, ноќе да сонува нож, дење да бара приказни?
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Сон и приказна. Врел нерв на твојот копнеж.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Летав носен кон бездни, кон неизвесност;зад мене не остануваше ништо освен мртви приказни згрчени призрачно под мрак, удавени во досаден мирис на етар.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
А приказните на велгоштанецот секогаш ги носеа далеку од нивните колиби, каде што од лулка до гробот им црнеа деновите.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ја слуша тој приказната и се плаши да не биде куса.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
- А тој дедо Спасе знаел многу приказни и често му ги раскажувал на внучето.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Секој различно осветлен прозорец раскажуваше подруга приказна, подруга тајна откриваше.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Не можам да ти објаснам што ме тера да те побарам, вака, со писмо, но и да можев тоа да го сторам ќе кренев раце. Тоа би било предолга приказна.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Повеќе