признак м.

признак (м.)

Ми се внесе в лице, беше млад и загатлив признак.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Денес никој веќе и не може да знае дали барала смиреност во фантастичната симфонија на Берлиозовиот дух, тој тиок признак на романтизмот или, надразнувајќи ги сите свои сетила, наоѓала толкувања за мистицизмот на Дирер, или, исто толку веројатно, треперела над таинственоста на стиховите на Гете.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
РЕВШИН: Господа, ене таму дојде некоја госпоѓа: судејќи по некои признаци, таа не влегува во денешната програма.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
(- Да, креативна постапка во потрага по спорните признаци, - велеше Помошничката, - на секогаш амбивалентниот однос на „стварноста“ и реалноста.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
потем се наслутува сѐ почесто во глувиот ноќен јасник како слана (во споредба со неа, снегот е мек и топол, Господине) во забраната да се верува во чувствувањето срам да се признае мечтаењето по неа и скришното вљубување во зазорот и распрашувањето за смислата на животот (најдолгите чудења се загушени од банални спреги) во сѐ поприсните признаци од сонот - таму кајшто живееме однапред, повторно и можеби безгранично, таму кајшто времето не се мери со просторни величини и кајшто, конечно, не се дели иако, да признаеме навиката да живееме раздвоено нѐ збунува сега едно-по-друго се подготвуваме да заспиеме да ја избереме спалната, креветот да постелеме нови чаршафи само за една, за наша употреба купуваме ноќници за истата прилика се тревожиме од наглите отворања на вратата низ којашто проблеснува вселената сѐ до неиздржливата глад по Неа.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Првиот признак на неволја дојде во облик на порака по електронска пошта.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
‌Кога ги изнесува во преден план прашањата за родовата ориентација, конкретно „несообразноста со родовата улога“ и „родовата нетипичност“, како признаци на „природите на геј- мажите“ (барем на природите на оние мажи што се „насочени кон зачувување“; 243) и кога штуро се зафаќа со прашањата за сексуалноста, Фелоус без колебање упатува на авторитетна поткрепа во некои претходни теории за хомосексуалноста, и тоа од викторијанскиот период, кои геј- мажите ги дефинирале како женски души во машки тела, како припадници на трет пол или на меѓупол.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)