придавка ж.

придавка (ж.)

И долго и широко ќе почнеше да ни расправа за јуначкото семејство Караѓорѓевиќ заповедајќи ни да носиме црно платно на јаките. - Треба, придавки, да разберете.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- Придавки, историјата се повторува. Херкул исчистил две училишни штали.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- Одлично! Ти не си придавка. Горко сум се лажел.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Со години стојам збунет пред бесконечниот список на имиња на ѕвезди и болести, на месеци и на денови, на села и на цвеќиња; со години се мачам да ги насетам сенките на звучната линија на македонските придавки со години си живеам во прелага дека еден ден поодблиску ќе го запознаам, поодблиску ќе ја насетам сензначноста на емотивниот и мисловен предел на македонскиот збор.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Во овој циклус се застапени само неколку наслови од еден пообемен поетски ракопис во кој се обидов да ги здружам македонските именки и придавки на начин кој ми се гледа за интересен за нашите натамошни истражувања.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Во многукратните асоцијативни и симболички зрачења на македонскиот збор, именките и придавките како да ми открија еден до сега незнаен и недостапен свет.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Ги мијам со водата од оман, од петопрас, од копиден, од смил, од млечки, од ајдучка трева и наваличе, тики од потканатица, од прешлига, од среќа, од троска и од придавка, од трева кромидарница, и од краварига, од боливач и од наѓезмо.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Третото читање или подобро третото погрешно читање е засновано на граматиката на насловот: зборот „тераписки“ е придавка која ја модифицира именката „разговор“.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Она што сакам да го кажам е дека уметноста може да биде лоша, добра или индиферентна; но без оглед употребената придавка, треба да ја нарекуваме уметност: лошата уметност сѐ уште е уметност како што лошата емоција, сѐ уште е емоција.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Подоцна тој падна во стапицата на користење една единствена придавка, на очигледен начин, за да го восхити читетелот, понекогаш претворајќи го делотворното средство во недостаток.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Придавката „хаотичен“ во употреба влегува дури на преминот од 17-иот во 18-иот век и долго е употребувана за одредување појави и процеси кои што не се во битна врска со бивствувачкото, барем не со она бивство со кое сметаа природните и општественонаучни (историски) онтолошки замисли.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
„Уништувањето на зборовите е прекрасна работа. Се разбира, најмногу се исфрлуваат глаголи и придавки, но постојат и стотици именки од кои исто така можеме да се ослободиме.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ама, другар, сте претерале со придавките - сите ви се во трет степен, на латински речено, во суперлатив, сте можеле барем да ги спуштите на првиот степен.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Во расказите на Михаил Ренџов тие го заземаат онаа вистинско и истакнато место кое го заземале (само со обратно значење на придавките) на улиците на нашите градови.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Го одбегнуваше зборот „јубилеј” и придавката „јубилејна”, зашто го потсетуваше не дека зрее туку дека старее, а тоа никако не се согласуваше со неговиот темперамент, на кој - по негово мислење - повеќе му одговараше поимот „младост”, па макар овој во јазикот на баба му да се викаше „аџамилак”.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Стихувај ме тихо, велиш ти од другата страна на заменките глаголите се ту повратни, ту неповратни бирај со кого и на кој начин ги сложуваш времињата и ги менуваш (за една ноќ) именките и придавките, по род и по број.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
На придавките обично се реагираше со меланхолија и плачење, па им ги препорачуваа на жените - и онака тоа им беше рутинско задоволство, сега само синтетички кренато на квадрат.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Уште кога придавката ќе се споеше со именката на која најмногу ѝ прилега (како во паровите ’пулсирачка...хипотенуза’ или ’автоеротична...пирана’) глетката стануваше трогателна.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Но, по пат, изгледа, изумив да спомнам дека барајќи го проклетиот влез на зградата, каде придавката „проклет” има многу повеќе од само доопишувачка епитетна вредност, размислував за човекот кој беше толку музички талентиран што не можеше да го издржи притисокот и товарот на славата, па реши да се повлече во манастир и целата своја неродена музика, сиот талент што Бог толку дарежливо му го беше доделил, реши да му го врти нему.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Неволно, ги протегна екстремитетите надвор од креветот, ги зеде очилата со диоптер - 3.5, без кои никогаш во разговор не би можел да ја употреби придавката „очигледно”, ги стави на себе панталоните кои ги носеше веќе четврти ден од неделата и не помисли дека треба да се облече поинаку заради некоја ненадејна средба која би можела да му излезе во пресрет на денот.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Повеќе