приготви св.

приготви (св.)

Потоа човекољубецот Бог, којшто го стори и не го остави човечкиот род без разум, туку сите луѓе ги доведува до разум и спасение, се смили на човековиот род, па им го испрати Св. Константина Филозоф, наречен Кирил, праведен и вистинољубив маж, кој им приготви 38 букви, едно по образ на грчката азбука, а други според словенскиот јазик.
„За буквите“ од Црноризец Храбар (1754)
По малку време се приготвиле свадба да прават за Босилка, чунки одамна била свршена.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
СЛУГАТА: Јас и твоите работи ги приготвив. Еве ги!
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Му ја изел тортата приготвена за родениот ден на инспекторката. Сега е без работа.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Јатрвите се измија уште еднаш, Митра од брашното, Доста од правот и саѓите, и се приготвија за појадок.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Арно ама, работата излезе така како што беше приготвена.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Да има, братко, време кога да се приготви нешчо вечеричка, винце, ракиичка, знаеш каков е нашиот адет. Невеста се води, не е играчка.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Не отиде далеку. Овчарите го знаеја тоа и се приготвија да ѝ постават заседа недалеку од трлата.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Савка живо се приготвуваше, понекогаш и ќе запееше: пред гроздоберот попот ќе ја благослови и таа ќе појде во куќата на својот чекан маж и не ќе се плаши веќе од потсмешливи погледи.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
И таман селаните беа при крајот на својата работа, и се приготвуваа сите заедно да го напуштат пазариштето. наеднаш ги обиколија стотина души сејмени, со исукани јатагани.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Во овој пазар тука беше и старецот Богдан Сирме од селото Старавина со своето внуче Ангелета од осум години, да му помогне при терањето и врткањето на двете крави и магарето, што требаше да ги продаде за да однесе некоја ока сол и да се приготви за вршење.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Овие го слушнаа и веднаш почнаа да ги затвораат дуќаните, да ја избегаат глетката која ја приготвуваше кадијата за сите „неверници”.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
И по други куќи богатски се приготвувало за строеви и свадби, но како што приготвуваа Попставревци за стројот - тоа не се ни видело, ни чуло дотогаш во овој прочуен по салтанати град.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Решивме да поканиме најинтимен круг пријатели, да уредиме мала свеченост. Приготвувањето започна.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Тој беше весел и уште од вратата викна: - Имам три карти за кино! Пригответе се, одиме веднаш!
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
- Оф, тате! Ти си златен! - извика Ване и рипна за да се приготвува.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Зашто тие го имаат приготвено и твоето убиство. Да, да, убиство.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Кај да е, ќе стигне пајтонот. Затоа, пригответе се.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Додека си ги запетлуваше чевлите, тој беше приготвен.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Тој војвода ѝ порачувал на гората: „Горо ле, горо зелена, постели сенка дебела, приготви вода студена!" И гората го слушаше...
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Повеќе