приврзе (св.)
Го оженив. Така вака ќе се приврзе кон жената.
„Духот на слободата“
од Војдан Чернодрински
(1909)
Ние сме готови одговараа и двајцата, постари по години, другари, кои безусловно се приврзаа кон него.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Единствено син му Богуле беше приврзан кон него и многу го сакаше.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Се приврзуваме за ликот на таткото кој, дипломец на цариградскиот универзитет, ја напуштил можната кариера во администрацијата на новата турска држава и покрај препораките на Ататурк.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Луан Старова е наследник на својот татко за кого покажува предадена љубов и праведен восхит. Јас се приврзав кон него.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Целта на оваа вежба е да ја развие техниката која веднаш ќе го привлече читателот кон следниот параграф и ќе предизвика во него желба да тргне понатаму, бидејќи го приврзавме неговото внимание кон овој параграф, токму поради неговата занимливост. Ако не се извежбаме да пишуваме вакви параграфи, кои му претходат на дејствието, не можеме никогаш да постигнеме вистински суспенс.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Следен од непријателски борбени авиони додека летал над Индискиот Океан носејќи важни пораки, тој го приврзал за себе својот митралез како тег и скокнал од хеликоптерот во длабоката вода, заедно со пораките - крај, рече Големиот Брат, за каков што не е можно да се размислува без чувство на завист.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
И уште ни кажуваш дека сме ти прираснале за душата, дека си се приврзал за нас до толку што си бил решен, ако треба, и таа твоја бесмртна душа за нас да ја дадеш...
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Ден за ден, тој се приврза кон Лена. Купи и телевизор во боја.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Еразмо уште повеќе стана приврзан со него. Не го испушташе од вид, имаше потреба од него.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)