пречка ж.
пречка несв.

пречка (ж.)

Тие Македонци што покажаа таква способност во своето национално-политичко организирање, што покажаа такво примерно жртвување на своите интереси во полза на интересите на својата татковина, не со помалечок успех ќе можат да им организираат секакви пречки на националните и религиозните пропаганди што го цепат денеска нашиот народ на делови непријателски еден кон друг.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
ИЛИЈА: Ние оваа вечер овде ќе ставиме венец за да се осигураме од секаква пречка која би могол вујко ти да ја измисли и направи.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Јасно е, стоногалката лази без пречки по врлест ѕид. Непрекинлив ѕид, без крај, без небо.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Девојчињата им правеа пречки на мајките во работата, та Муарем сакаше да се куртули од нив.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Глигор будно ги следеше како гаснат шумовите и потоа се вовлекуваше под одарот на Арсо и со упорност на кртица ја прегризуваше пречката што го држеше апсанџискиот свет откинат од онаа слободна широчина во којашто луѓето ја заплеткале својата судбина во нечии мрежи и ги кинат полни со верба дека има избавување и дека сето тоа е можно да се постигне. Да се излезе од овие ѕидишта.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Не, - рече Коле, - првин ќе ги присилат да ги искажат сите наши, бидејќи до пред малку не можеа ништо да дознаат, а потоа, без пречки, ќе удрат на палење ...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Борбата се водеше во длабокиот снег, кој и за едните и за другите беше тешко совладлива пречка.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
На челниот дел од куќата, под стреата: срце, прстен, токосани раце, ангелче, венче, и во нив: почетните букви од името и презимето на домаќинот и годината на градењето; балкони: украсени со елементи од железо или ламарина во форма на триаголник, четириаголник, ромб, ромбоид, круг, трапез или со гипсени елементи во вид на амфори, во вид на подлактени раце или сосем едноставни со парапети кои завршуваат со коритца за цвеќиња; чардаци: долги колку што е долга и куќата, со пармаци, со плотици од костен, од даб, од јасика; на чардаците испуштени башлаци над кои висат мали куличиња низ кои може незабележено да се ѕирне во дворот, на патот, или во време на војни и арамилак, да се протне цевка од пушка и да се направи пусија; покриви: со рамни или со стрмни стреи, со испуштени чакми и кучиња, со поткренати маи како крилја од птица, со издолжени предни страни како козирка од капи, или прекинати со предниот ѕид што се крева нагоре за да го затскрие покривот; вратите: со една, со две поли, обични или со нутифедер, со украсни бордури на секоја пола, со надвратни прозорчиња застаклени или опшиени со мрежа за заштита од секакво гадурии; на вратите жапка или шуличе што се отвора со стап кој постојано е врзан на вратата, ѕвонец што ќе чукне потивко или посилно, резе со катинар или брава донесена којзнае од каде; прозорците: широки, европски, или пак тесни со по неколку крила доближени едно до друго за што подобро да ги осветлат просториите; оние што се на долниот кат и низ кои може да се ѕирне, заштитени се со железни прачки извиткани во разни форми; кај што нема железни пречки - дрвени капаци испукани од сонце и дожд, но кои ноќно време убаво ја затвораат куќата како дланки склопени на очи или како мравкини дупки.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Веќе и сонот ми стана лесен, без пречки во дишењето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Работеле со сила на ветар што не трпи пречки и, со малку полесна и почиста облека од онаа во која дошле од Кукулино, јаделе полека и со почит кон заслужениот леб.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Каква била таа пречка што не му позволувала да наздрави добронамерно на гозбата на пријателството? Се чувствувал отфрлен.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
За него баналното прашање за забраната на чувањето на козите во првите години на комунизмот се претвори во вистинско искушение, во прва пречка на која се препна и уште тогаш падна комунизмот, во немоќта да експериментира долго време со живиот живот...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Но козите, козите беа голема пречка на патот кон комунизмот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Третата премиса е дека разговорите кои што се потребни да се разреши оваа дилема се попречени бидејќи (а) доминантните говорници во групата која разговара го забрануваат дијалогот за проблемот; или (б) постојат надворешни пречки (како што се политички притисок, закана со насилство во семејството, културна или верска дејност), кои јасно забрануваат разговор во врска со дилемата.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Поголеми дози предизвикуваат лоша координација, пречки во говорот, невообичаени екстреми на емоциите и промени во расположението.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
И тој глас извикува: ‘Пушти ме надвор, пушти ме надвор’, и чувствувам дека некој се обидува да се ослободи, удирајќи по вратите на лавиринтот, уривајќи ги мрачните пречки и премини, одекнувајќи и врескајќи.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
А кога оргазмот е невозможен, тоа значи дека постои органско пореметување (со васкуларно, нервно или ендокрино потекло) што не е предмет на психоаналитичкото истражување, (но може да биде предмет на психосоматско истражување), или тоа значи дека оргазмот заради психички причини е невозможен без соматска подлога, и тогаш психичката сексуалност се сфаќа како пречка за организмичкото празнење.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Има многу пречки што можеш сам да си ги поставиш, како извесни табу симболи и зборови, и да гарантираш дека твојата порака нема да биде чуена.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
На едниот од екраните се појавува необичниот лик на Призрак, поправо точки светлина, би помислил човек пречки, снег, видео-арт...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Пречките и грешките во филмската текстура директно се надоврзуваат на оваа естетика, а силните контрасти, без сиви тонови, на раните Ворхолови филмови им даваат дводимензионалност карактеристична за неговите платна.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Повеќе