претчувство ср.

претчувство (ср.)

Истрчав неспокоен и со лошо претчувство.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Од неа како претчувство изронуваше неговата судбина.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Расфрлени од ветар и од претчувства дека ќе се случи нешто големо и незаборавно, нешто што ќе е важен дел во историјата на животот и на светот, на небото плачеа жерави.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Така се роди неговиот ѕверски инстинкт. Претчувствата оживуваа облици и шумови, жедта, непозната досега, му ги полнеше очите со сол.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Му се ежави кожата од непријатното претчувство.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Имаше некакво претчувство како онаа долинка отаде да беше полна, нешто слично како кога се држи в рака полн орев, а знаеше дека тоа претчувство не му е потребно.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Останав да стојам без движење и без сили да се соочам со тајната што можела да му биде позната на некој веќе покоен чиј живот можел да има значење токму заради она што било и што е во него; куп безвредни книжни пари со восочен лик на некој монарх, записи и стари писма, чеиз и неразделиплен невестински фустан, секира на злосторство, фајанс, сребро, часовник со мртво време во механизмот, некаков пергамент, ферман акт на судбина, библија под черупка за клетва на непознати заговорници, ограбени тасови и кандила од наш западен манстир, суво ерусалимско свето дрвце, зографски платна, книги, алати, ископано, камено торзо од Стоби, шандани, присокриено брашно во некоја гладна година, мошти на лажен светец, трговски тефтери, бројници, ретки ткаенини, поскурници и дрвени распетија, беговски појас под јатаган, билје, мелеми, збирка на инсекти, коски, гниеж и претчувства, една невидена и невидлива магија, но таа, во допир со живиот свет, ќе го изгуби значењето и ќе не осиромаши за една загатливост.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Рафрлени од ветар и од претчувствства дека ќе му се случи нешто големо и незаборавно, нешто што ќе е важен дел од историјата на животот и на светот, на небото плачеа жерави.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
И кога Борис Калпак се обиде да се урне со сиот бес што го собирал во грлото, во крвта, во срцето, на предолгиот пат од Кукулино до оваа куќа во која се загнезди нашата коба, во која таа коба стана несреќа на недолжни луѓе, навистина кога Борис Калпак ги крена рацете кон очите на бегот, во истиот миг кога старчето водено од претчувство се склопчи во огништето, еден од слугите ја подаде раката продолжена со црна кубура.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И по Богородица ја снемало - отишла по патот на своите претчувства.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Претчувството што го имаше од подолго време, навистина му се оствари: куќата во долниот кат гореше.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Побледувал од претчувство дека сето патување, сите надежи и жртви биле попусти. Треперел. - Ќе нѐ пуштите да се вратиме со празни раце?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Фатија да нѐ обземат севозможни мисли, претчувства.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Чекавме молкума на високото стебло. Нѐ измачуваа клети претчувства.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
67 При средбата со него најнапред ќе се почувствувате малку непријатно, бидејќи тој, забележувајќи ве, ќе направи еден потполно ненормален израз на лицето; просто ќе имате такво претчувство дека тој човек токму сега ќе пријде и ќе рече нешто грозно, како: „Квинтилиј Вар, врати ги легиите!“
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
(213) Два скапоцени моменти, две скапоцени илузии: во претчувството за жена и за нејзиното поседување - илузијата на задоволството - и во сосема свежото искусување на нејзината загуба, додека сѐ уште сме маѓепсани, во илузијата на загубата.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Кога ќе го видеа неговите домашни каде што ги прави тие работи, ќе почнеа да плачат гледајќи дека тоа го прави од некое претчувство што му иде смртта и што никогаш веќе не ќе има можност тоа да го чини.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Или: „Напуштајќи ја куќата и свртувајќи во Евклид Авенијата тоа утро, тој се смрзна од злокобното претчувство.“
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
“Кога бев дете, бев во состојба на страв и претчувство долго време, и тоа не слично на другите луѓе кои беа во истата состојба.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Траеше тоа доближување до запалениот далечен оган што се надзираше, но повеќе како претчувство, а помалку како видлива слика.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
Повеќе