претстава ж.
претстави св.

претстава (ж.)

На првата претстава публиката беше неочекувано голема.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Бидејќи претставата беше на откриено, беше пристапно за секого, та не изостанаа ни деца од петшест години, ни старци над седумдесет години.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Им соопштува на свој начин дека дошле даскалиците од Охрид и дека вечер ќе даваат претстава и кои се цените на местата, та иде и до најинтересната новина од денеска која сам си ја додава, разбирајќи дека: на некое момче од Марул му избегала невестата и запиња повеќе од секогаш: — Денеска на пат за Прилест загинала една млада, бела, калеша, убава невеста од Маруууууул!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
А тогаш... ... Нивниот заеднички пат ги одвлече в село да видат неуредени куќи со црни стреи;запуштени и накривени ѕидишта; недоверливи ситнооки прозорци, - врз нив гнили штици, матни стакла, поцрнети стари календари; потоа: нечисти и нерамни сокаци низ кои се влечеа звуци и мириси, предчувствувани претстави за недогорени суви дрвја, кочини, мали деца, катран; расфрлани мртви предмети, ненужни и запуштени - накривени коли, одамна почнати, недоплетени огради, корита, алат; куп сонливи куќиња, кокошки, деца.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Претставата се нишаше во беспростор и безвреме. И гледај!
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Претставите се грабаа за простор и се менеа.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Театарот го заборавивме. Лоши се нивните претстави, ме убедуваше но јас знаев дека се плашиш од сјајот на моите очи фатени од рефлекторскиот сноп.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
И пак претставите се кинеа и беа неми, без звук: камени скали во голем сандак... врата во која шумеше боја на зрела ’рж... стари пејзажи, литографска идили на млад сликар и недовршени портрети на една недозреаност што лута додека не најде неизгазена врвица.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
„Посетете ја лавовската трпеза во зоолошката градина. Ќе видите бесплатна претстава и уште во џебот ќе ви шушне малку сува слама, паричка со слика на рудар - ударник.“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
И таа ме видела пред да почне претставата.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Говори ми за претставата, за мене, за мојата игра. Нели беше многу добра, одлична. Вистинска Јанте.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Очите сјајат како јаглени, сите погледи се приковани за сцената. Без здив се следи претставата...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ја загуби претставата за времето и пространството.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Последната претстава ќе се одигра таму, на малиот плоштад, врамен меѓу тврдината, пристаништето и зградата на воениот суд.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Томче долго, долго гледаше во забелените полиња и ридови и му се чинеше дека ја гледа најубавата претстава на природата.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
До некое време ги броеше деновите, потоа им го изгуби редот, а болеста веќе сосем му ја замати претставата за времето поминато во заробеништво на снегот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Денко зборуваше мирно, обично, како да раскажува нешто сосем неважно, а за Бојана секој податок што онака, површно ќе го изнесеше Денко, беше необично интересен: ... „има над триесет училишта... живее на другиот крај од градот...“ повторуваше Бојан во себе и се обидуваше да си создаде претстава за тој огромен град, сиот исполнет со училишта и ученици, со татковци, мајки, доктори, инженери, лекари...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Не знаеше кое време е. Небото, сонцето, месечината беа негде високо зад роевите од снегулки, па никако не можеше да се добие претстава за тоа кое време е, ден ли е ноќ ли е.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Тој веќе го знаеше текот на животот и имаше јасна претстава за сите појави и настани.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Изгуби претстава за време, занемари фамилија, живот.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Повеќе