претресе (св.)
- Празно. Бубачката ја нема. - Бубачката е во твојот џеб, со крстосани раце преку гради спокојно рече Петко. - Претреси се.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
ФЕЗЛИЕВ: (Откако ќе излезе Неда, ги проверува вратите и почнува да ги претресува фиоките.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Дури таа претресуваше и одеше од местото, каде што беше заробен пленикот на запад, Гоце со пленикот беше на исток.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Еден од финансистите му ги претресе џебовите и ништо не најде.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Секој, кој ќе влезеше или ќе излеше од градот, беше прегледуван и претресуван.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Не остана куќа во која не влезе да ја претресе до корен.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Со цевката му дадоа знак да ги крене рацете нагоре: го претресуваа по џебовите од пантолоните и гуната, а потоа и по телото.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
- Млекото го продадов - одговори Трајче - ама Германците ми ги зедоа парите кога се враќав и кога ме претресуваа.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Патем ме сретоа Германците - продолжи да објаснува Трајче, - ме претресоа, ми ги истргнаа ушите и ме пуштија.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Еден по друг сите ги претресоа.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
За таа работа ги собраа селаните од сите мариовски села и небарем срни бркаат, почна претресувањето на густите борови гори.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Бахтијаровите Анадолци во верига ги претресуваа не само селата, колибите и пештерите каде што можеше човек да се заклони, ами и сите смреки и грмушки, небарем зајаци бараа.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Ги претресоа сите села, ги проверија сите селски булуци, но не се најде брав со агин катран — месечина на крстот на секој брав — та не можеа да набелат ниеден мариовски овчар за кражба.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Посебно задоволство ми претставуваше да ги претресувам фиоките од креденецот и во нив да изнаоѓам веќе одамна неупотребувани разни предмети.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Неа, велеа во купето, Германците нема да ја претресат.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
ама немаме пасоши, свиденија, никакво книже, оти ние знаеме дека ќе влеземе во слободна Македонија и дека не ни треба ништо и кој ќе те претресува во слободна земја и ги фрливме пасошите од бродот, во морето, ура, викаме, скокаме на бродот и ги фрламе пасошите во водата, радост голема, човек во радоста поулавува и пасошите летаат во водата, а улема риби се збираат околу пасошите, цели јата риби ги тргаат наваму натаму, небаре ги читаат,
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Стражарот кој старжарел на портата на касарната, бугарски часовој, кога дошол за да ја претресе колата, која ја видел бомбата, се исплашил силно и трипати едноподруго пукнал во воздух.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
При претресувањето на куќата и на алиштата негови, во џебовите му најдоа неважечки, окупаторски пари - исти онакви какви што се појавија во црквата.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Хористите, со и без маски, грабаат од кошарата и танцувајќи по ритамот на блузот, со уживање ги гризат јаболките. таа во кадата или чинот на капењето како ритуална вертикала мојата пријателка ужива во решавањето еротски криенки низ антиката гилгамеш и енгиду ахилеј и патрокло како топли браќа незаситноста на хачепсут само (за) доволноста на хиполит ноншалантно како дома си влегува во неизмерната живост на паганските олимпи го бакнува кастор во левиот полукс во десниот образ со сибила ги претресува најновите пикантерии мислев се работи за умешност научена од библиотеката од таткото универзитетски професор по математика дека едно попладне не видов како се капе како си игра со сапунот по кожата силно возбудувачки сепак наивно така црномурестата египетска божица си играла во нил со младунчето хипопотам миноската голограда девојка со острите рогови на бикот дијана со шумските извори сосема лесно можев да ја префрлам во персеполис атена картагена нинива меѓу бадемовото млеко гулабовите очи јасминовиот цвет сокот од лилјан босонога ќе стапне меѓу нив во насмевката нитрага од исклештениот грч на дојденката најскриените катчиња на висечките градини се отвораат пред неа мокра сфинга сред куќните змии ограбувачите на пирамиди светите писма лавиринтите сиот си се вжештил ми вели не е тоа секс одговарам тоа е мит и влегувам во кадата есента веќе ги пожолти градските улици или фотоапаратот како детектив
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)
И почнаа карабинерите да ги претресуваат селата.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)