претера (св.)
Уште повеќе нему: дедо Геро му вети дека ќе го смири со децата и тоа така тие да признаат оти претерале што го гибале толку многу.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
А малото маче - шареноглавче имало малку незгоден карактер, писнувало и при најмалка болка и претерувало во тоа свое пискање. А било и инаетливо.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Коњот живееше во Задругата само тоа лето. Беше нивниот најдобар задружен коњ, но некој го претера и тој пцовиса, превивајќи се брефтајќи и со подуен стомак.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
- Па, можеби и претерале малку, но не се далеку од вистината... Тешко се дише... - рече инженер Александар.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Уште в зори тропна Муарем на малата вратничка и почна да вика: — Ајде Трајкојце, ајде, ставајте посабајле, излегувајте на работа да не претерат афионот, оти ќе колит Адемага, жими вера.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Се утврди дека бравите се претерани преку рид — во Мегленијата.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Зашто, без претерување, во Париз ако се замисли нешто да се купи, тешко да не може тоа да се најде.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
И шатмара Божана, ова било, она било, го претеруваат селото.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
JOH Есента претерува маглишта, ко биволи. И небото само подмочува озгора.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Натклаваат, придодаваат, го претеруваат човекот мој.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
- Е, па ти, претеруваш. Јас благодарам. Јас не сакам пијан да лежам во таа кралска када.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Започна и Тане да се поднапива, но често ќе претераше, ќе се напиеше преку мера и добиваше некој кураж, некоја сила, се качуваше на брегот одејќи и на раце и на нозе, доаѓаше кај дувалото, ги отпетлуваше панталоните и се мочаше кон него, викајќи: - Ајде избувни сега, мајчето твое!
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Не треба да се претерува со такви нешта, зашто има опасност да почне да не разликува сон од јаве... да ги меша...
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Не, бре, не се оставам улогава за потсмев и претерување.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Да не претеруваш малку, велам. Не претерувам, вели, многу сум слушала за нив.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Понекогаш кога ќе претерам, ме казнува, но јас и тогаш кога сум ѝ лут - бескрајно ја сакам“.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
- Ведане, - ми рече помирливо - можеби претерав, ама признај дека ми ги истенчивте нервите.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
- Да не претеравме, брате, со овие наши гостевања... - му рече отец Иларион. - Како цареви ги храниме...
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
„Велиш, четири месеци?“ го прашав со недоверба. „Да не си претерал - четири месеци?“
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Но – го снижува гласот Хорацио – музиката е придвижник на страста, јароста, претерувањето.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)